Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Доделени 15 електрични колички за лица со попреченост

0
By Marija Todorovska on February 7, 2025 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, February 7, 2025 15:30

Во скопската Стара чаршија попладнево беа доделени 15 електрични колички на оние кои имаат потреба од нив, од страна на Здружението на лица со посебни потреби „СОС Вита“. Како што беше појаснето на настанот, станува збор за донација од хумани луѓе.

Претседателот на здружението, Ертан Шаќири рече дека изминатите пет и пол години откако постои „СОС Вита“, биле доделени 170 електрични колички на лица на кои им се потребни.

Посакувам луѓето со посебни потреби да не се гледаат со други очи, туку, еднакво, како сите останати. Да има пристап до институции за лицата со попреченост, рече меѓу другото Шаќири.

Тој додаде дека ваквите хуманитарни настани со што им се олеснува животот на луѓето со попреченост, ќе продолжат и во иднина.

Триесет и една година сум во количка и добро знам каков е животот на едно лице со попреченост, додаде Шаќири.

Пратеникот и поранешен министер за здравство Беким Сали во изјава за медиуми рече дека одговорноста на политичарите не е само економскиот развој и интегрирањето во Европската Унија. Тој рече дека е присутен на настанот за да даде порака дека и овие лица се дел од општеството. За жал, додаде Сали, забораваме дека и ние можеме да бидеме на нивно место.

Одговорноста на политичарите не е само економскиот развој или интегрирањето во Европската Унија и така натаму, што ни станаа главна агенда на сите вести, сите случувања. Ваквите покани на невладините организации се дел од подигнувањето на свеста кај политичарите, дециден беше Сали.

Тој додаде дека институциите мора да бидат повеќе фокусирани на овозможување подобри услови за лицата со попреченост.

Институциите не смеат да ги остават овие групи занемарени, нагласи Сали.

електрични колички лица со попреченост
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.