Во време кога холивудските серии земаа замав со креативноста и добрите сценарија кои ги нудат, неизбежно е дека во нив ќе чуете дека учествуваат големи актерски имиња. Наградите Еми кои се доделуваа за време на изминатиов викенд во Лос Анџелес, со себе донесоа неколку такви, познати имиња.

„The Handmaid’s Tale“ е прогласена за најдобра тв-серија на годинашната манифестација.

Серијата победи во пет категории и освои награда за најдобра серија-драма, најдобра режија, најдобра актерка (Елизабет Мос) и најдобра споредна актерка (Ен Доуд).

Признание доби и Стерлинг К.Браун, протагонистот од серијата „This is Us“, во конкуренција со имиња како Ентони Хопкинс и Кевин Спејси.

За најдобра мини-серија е прогласена „Big Little Lies“, а наградата за најдобар телевизиски филм ја доби епизодата „San Junipero“ од серијата „Black Mirror“.

Никол Кидман („Big Little Lies“) и Риз Ахмед („The Night of“) добија награди за најдобра актерка и актер во мини-серија.

„Veep“ освои Еми награда за најдобра комедија, додека „The Voice“ освои награда за најдобро „реалити“.

Најдобро сценарио за комедија освоија Азис Ансари и Лина Веит за „Master of None“.

Комплетна листа на наградени филмски остварувања:

 

Најдобра драма: Приказната на робинката
Најдобра комедија: Потпретседателка
Мини серија: Невини лаги
ТВ филм: Black Mirror: San Junipero
Главна женска улога – драмска серија: Елизабет Мос (Приказната на робинката)
Главна женска улога – хумористична серија: Џулија Луј Драјфус (Потпретседателка)
Главна женска улога – мини-серија/ТВ филм: Никол Кидман (Невини лаги)
Главна машка улога – драмска серија: Стерлинг К. Браун (Тоа сме ние)
Главна машка улога – хумористична серија: Доналд Гловер (Атланта)
Главна машка улога – мини-серија/ТВ филм: Риз Ахмед (Кобна ноќ)
Споредна женска улога – драма: Ен Дауд (Приказната на робинката)
Споредна женска улога – хумористична серија: Кејт Мекинон (Saturday Night Live)
Споредна женска улога – мини серија/ТВ филм: Лора Дерн (Невини лаги)
Споредна машка улога – драма: Џон Литгоу (Круна)
Споредна машка улога – хумористична серија: Алек Болдвин (Saturday Night Live)
Спреодна машка улога – мини серија/ТВ филм: Александар Скарсгард (Невини лаги)
Режија – драма: Рид Морано (Приказната на робинката)
Режија – комедија: Доналд Гловер (Атланта)
Режија – мини серија/ТВ филм: Жан-Марк Вале (Невини лаги)
Сценарио – драма: Брус Милер (Приказната на робинката)
Сценарио – комедија: Азиз Ансари и Лина Вејт (Master of None)
Сценарио – мини-серија/ТВ филм: Чарли Брукер (Black Mirror)