Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Доделени наградите “Војдан Чернодрински”

0
By Нова ТВ on June 14, 2013 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, June 14, 2013 17:51

Доделени наградите “Војдан Чернодрински”

Претставата „Змејовата невеста“ од Димитар Молеров, во режија на Нела Витошевиќ, а во изедба на прилепскиот театарски ансамбл е добитник на Гран при за најдобро уметничко остварување на претстава во целина, на 48-то издание на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодриски“. Вака одлучи оценувачката комисија на фестивалот во состав: Васе Манчев, Јани Бојаџи и Мустафа Јашар.

„Таа претстава е работена на текст којшто има свој удел во вкупната сума на свои вредности и вредности кои го прават посебно тежок за уметничка интрепретација на театарот. Во него се работи за барање на животни вредности, животна смисла, во еден многу остар судир меѓу стварното и нестварното и тоа ја прави реализацијата на текстот многу тешка и отвора многу за да не се постигне целта, за да се открие пораката, смислата, уметничката вредност на текстот, да се добие еден театарски чин, кој ќе покренува една духовна енергија кај оние кои го гледаат и ќе покаже дека театарот има можности да решава и такви ситуации“, изјави Манчев, претседател на комисијата. Режисерката Витошевиќ ја доби и наградата за најдобра режија, а според актерот Владимир Ѓорѓиевски токму таа има најголема заслуга за ова уметничко остварување.

Награда за главна женска улога и е доделена на Амернис Јовановска Ношиќи за улогата на Зоја во претставата „Прст“ во изведба на Aлбанскиот театар – Скопје, додека Јордан Витанов за улогата на Благој во претставата „Ноќите во бел сатен“, во изведба на велешкиот театар, ја доби наградата за главна машка улога. Драматургот Братислав Димитров ја доби наградата за текст во истата претстава.

Емил Рубен е добитник на годинешната награда за машка епизодна улога „Димче Трајковски“, за улогата на Куче во претставата „Изгубени Германци“ во изведба на Македонскиот народен театар, а награда за женска епизодна улога доби Зарије Јонузи, за улогата на снаата во претставата „Прст“.

Валентин Костадиновски за улогата на Кочкарјов во претставата „Женидба“, а во изведба на Театар „Комедија“ од Скопје е добитник на наградата за млад актер, а Камка Тоциновска е добитник на наградата за млада актерка за улогата на Лили Марија Марлен, во претставата „Изгубени Германци“.

Наградата за современа сценска драматизација и припадна на Викторија Рангелова за драматизацијата во претставата „Шекспир во приказните“ во изведба на Tурски театар – Скопје. Валентин Светозарев ја доби наградата за сценографија, за претставата „Травничка хроника“ во изведба на Народниот театар Битола, Благој Мицевски наградата за костимографија во претставата „Женидба“, а Горан Трајковски ја доби наградата за музика во истата претстава. Кореографот Кренаре Невзати е добитничка на наградата за кореографија и сценски движења за претставата „Шекспир во приказните“, а Сергеј Светозарев на наградата за рекламен материјал за претставата „Травничка хроника“. Со свечено доделување на наградите на годинешните добитници, и со изведба на претставата „Ах, љубов моја“ по текст и режија на Коле Ангеловски, вчеравечер беше спуштена завесата на годинешното, 48-мо издание на МТФ „Војдан Чернодрински“ во Прилеп.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026

Германски пензионер бил монструзоно мачен до смрт – осомничени се државјани на БиХ, Србија и Македонија

May 23, 2026
shortcut
ФОКУС
May 31, 2026

Израелската војска го зазеде стратешкиот замок Бофор во Либан

ВЕСТИ May 31, 2026

Израелските воени сили ја презедоа контролата врз стратешки важната планина на југот на Либан, каде…

Американската армија повторно го нападна Иран – Техеран возврати со напад врз Кувајт

May 28, 2026

Владата го одби предлогот на Филипче за референдум за ЕУ – Нема да трошиме ни време ни пари

May 28, 2026

„Ве молам, помогнете“ – Зеленски му испрати итно писмо на Трамп

May 27, 2026
ТИКЕР

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026

Германски пензионер бил монструзоно мачен до смрт – осомничени се државјани на БиХ, Србија и Македонија

May 23, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.