Руската вселенска агенција Роскосмос и НАСА потпишаа договор за заеднички летови со Меѓународната вселенска станица. Тоа значи дека руски космонаути ќе можат да летаат со американски вселенски бродови, но и дека нивните американски колеги ќе можат да се превезуваат со „Сојуз“.

„Договорот е во интерес на Русија и на САД и ќе промовира развој на соработка во рамки на програмата ММС“, се наведува во соопштението на Роскосмос и се додава дека тоа ќе го олесни истражувањето на вселената за мирољубиви цели“, пренесува „Ројтерс“.

Како клучни партнери на Меѓународнта вселенска станица веќе две децении, „Росмосмос“ и НАСА со години се обидуваат да ги обноват заедничките рутински летови на нивните екипажи во рамки на долгогодишниот цивилен сојуз на двете агенции.

И покрај тензиите за војната во Украина, оваа последната алка во соработкта меѓу САД и Русија, сепак, е направена.

Првите интегрирани летови, според новиот договор, ќе бидат реализирани во септември, соопшти НАСА, кога американскиот космонаут Френк Рубио ќе полета до вселенската станива од космодромот Бајконур во Казахстан кој ѝ припаѓа на Русија, заедно со двајца руски колеги – Сергеј Прокопјев и Дмитри Петелин.

Во обратен правец на Рубио ќе замине руската космонаутка Ана Кикина која ќе им се придружи на двајца американски космонаути и на еден јапонски космонаут на „Спејс иксовото“ летало „Кру драгон“ до вселенската лабораторија од вселенскиот центар „Кенеди“ на Флорида.

Двете агенции во минатото заедно превезуваа космонаути во американски шатл и со рускиот вселенски брод „Сојуз“. По повлекувањето на шатлот во 2011 година, САД ги испраќаа своите космонаути со „Сојуз“ до 2020 година, кога компанијата на Илон Маск почна да „вози“ до Меѓународната вселенска станица.

Кикина, која е инженерка и единствена жена во ктивниот руски вселенски корпус, треба да биде првата Русинка која ќе управува со капсулата „Кру драгон“. Таа тренираше за мисијата во седиштето на НАСА во Хјустон додека траеја преговорите за договорот.

Американската вселенска агенција соопшти дека постоење на најмалку еден Русин и Американец на вселенската станица е од клучно значење за одржување на лабораторијата.