НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Договорот е блокиран додека не се повлече барањето за амнестија

1
By Соња Петрушевска on July 24, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

ВМРО ДПМНЕ синоќа во Собранието побарале да се избрише членот 165-а од Кривичниот Законик, брифираат собраниски извори. Поради ова, разговорите биле прекинати околу полноќ, а спикерот Талат Џафери не закажал собраниска седница за избор на членовите на ДИК, за финансирање на партиите и за пржинска влада.

Учесници во разговорите објаснуваат дека „во делот за финансирање на партиите, ВМРО ДПМНЕ предложиле одредби со кои се навлегува во Кривичниот законик, за укинување на затворската казна за што нема согласност од СДСМ“. Од ВМРО ДПМНЕ коментираат дека „се работи за недоразбирање околу тоа што е договорено на лидерската средба“.

Членот 165 -а од Кривичниот закон  се однесува на „злоупотреба на средства за финансирање на изборни кампањи“ и конфискација на незаконски обезбедените средства.

Член 165-а од КЗ

,,Организатор на изборната кампања кој со непријавување на изворот на финансии на изборната кампања, со спречување на надзорот над трошењето на планираните средства, со неподнесување на финансиски извештај за потрошените средства, со пречекорување на законските ограничување на средствата дозволени за изборната кампања, со користење на недозволени средства за изборната кампања, со исплати спротивни на кампањата за финансирање на кампањата или на друг начин го злоупотреби своето со закон определено овластување како организатор на кампањата, ќе се казни со затвор од најмалку 5 години“, пишува во овој член.

Барањето да се избрише членот 165 -а од Кривичниот законик, од власта го толкуваат како обид на опозицијата, поранешното раководство на ВМРО ДПМНЕ да избегне кривична одговорност за  „Титаник“ во кој Груевски, Јанкулоска и Јанакиески, Мартин Протоѓер, поранешниот шеф на кабинетот на Груевски, екс генералниот секретар на Владата и на ВМРО-ДПМНЕ, Кирил Божиновски и уште 15 лица се товарат за злоупотреба на средствата за финансирање на изборната кампања и повреда на избирачкото право.

Претходно на лидерската средба која се одржа неколку часа пред состанокот во Собранието, ВМРО ДПМНЕ се повлекле од барањето за измени на членот 353  од Кривичниот законик – за намалување на казните за злоупотреба на службената положба и за барањето одговорни лица во политичките партии да не се сметаат како службени лица.

Мицкоски по лидерската средба вчера рече дека „не знае дали законот за финансирање на политичките партии ќе треба да се усогласи со Кривичниот закон“.

Министерот за администрација и за информатичко општество Дамјан Манчевски кој учествува во преговорите со ВМРО ДПМНЕ денеска изјави дека „и Македонија и референдумското прашање се заложници на барањето за амнестија на опозицијата и за зачувување на личните интереси“.

За тоа дали е точно дека ВМРО-ДПМНЕ барале бришење на членот 165 од Кривичниот законик, Манчевски рече дека имало и „такви барања, и некои други барања за амнeстија“ и оти се работи за генерално барање за амнестија.

Од ВМРО ДПМНЕ велат дека на работните состаноци се договориле да не излегуваат во јавноста со детали додека не се постигне конечен договор. Од таму единствено коментираат дека „Амнестијата е оркестрирана хајка и манипулација од СДСМ. Единствени кои даваат амнестија се СДСМ кои ослободија 800 криминалци. Сите претходни закони како законот за фианансирање на политички партии, за техничка влада и за ДИК беа договорени и прифатени уште на средбите во март годинава.

Прашањето за измени во Кривичниот законик е одложено да се разгледува во септември, како дел од пакетот закони за кое е потребно двотретинско мнозинство.

ДИК и пржинска влада се договорени

За другите прашања –  измените на Законот за Влада со кои ќе се овозможи „пржинска влада“ да се формира на 100 дена пред секои редовни или вонредни парламентарни избори, и за формирањето на ДИК, партиските претставници постигнале договор. Измени ќе има и во Изборниот закон кој ќе треба да се усогласи со измените во Законот за Влада.

Собраниски извори велат дека координаторите на СДСМ, ДУИ и на Беса веќе се потпишале на сите закони, освен координаторот на ВМРО ДПМНЕ, поради несогласувањата околу Законот за финансирање на партиите.

Засега е малку веројатно дека може да има нова лидерска средба, туку ќе се чека на работните групи да постигнат компромис. Во случај на договор, собраниската седница би се одржала во сабота.

 

Амнестија. ВМРО ДПМНЕ референдум СДСМ лидерска
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025
ФОКУС

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

ВЕСТИ August 4, 2025

 Драматичните моменти низ кои минува израелскиот заложник Ром Браславски во Газа се забележани во нов…

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Нови пожари над Богомила, кај Ваксинце, Дречевица и Грешница

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.