Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Манчевски: Земјата е заложник на барање за амнестија и лични интереси

1
By Нова ТВ on July 24, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, July 24, 2018 14:23

Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски денеска изјави дека сите реформи во Македонија, вклучувајќи ги и медиумските, се предмет на заложништво заради лични интереси на поединци со партиска позадина и заради барање за амнестија. Тој денеска во Собранието присуствуваше на Комисијата за транспорт врски и екологија каде се разгледуваа амандманите за законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

– Денешната седница на Комисијата во Собранието повторно покажува дека опозицијата сака да го блокира процесот на носење на овој закон. Медиумските реформи и сите останати реформи во Македонија се предмет на заложништво заради лични интереси на поединци со партиска позадина и заради барање за амнестија, изјави Манчевски, кој исто така е дел од работните групи за законите што вчера беа тема на лидерската средба и за ДИК.

Според него, работните групи се уште работат на детали на законите.

За тоа дали е точно дека ВМРО-ДПМНЕ барале бришење на членот 165 од Кривичниот законик, Манчевски рече дека имало и „такви барања, и некои други барања за амнестија“ и оти се работи за генерално барање за амнестија, но тој не би навлегувал во детали. Со повеќе детали најави изјава од неговата партија СДСМ.

– И Македонија и референдумското прашање се заложници на барање за амнестија и за зачувување на лични интереси, тврди министерот Манчевски.

Зборувајќи за амандманската расправа за законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, тој кажа дека тема било се и сешто освен медиумските реформи. Ги повика и апелираше до програмскиот совет на МРТ и до првите луѓе на Агенцијата за медиуми да поднесат оставки за да дозволат да се случат реформите во медиумите.

Законот за аудио и аудиовизуелни медиусми услуги е заглавен во собраниската Комисија за транспорт и врски со која претседава ВМРО ДПМНЕ. На денешната сендица не се гласаше за ниту еден амандман. Поднесени се 70 амандмани, од кои 12 се на власта, а останатите се на опозицијата. Денеска се дебатираше за деветтиот амандман.

Законот во Собранието е доставен во февруари годинава.

амнестија Закон за аудиовизуелни услугии комисија за транспорт и врски Манчевски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Четири референдуми, поделена Словенија: Граѓаните го отфрлија законот на Јанша, но поддржаа дел од неговите политики

October 12, 2026

(АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА) Кој е Михаил Звинчук и зошто протераниот руски пропагандист замина токму во Белград

October 11, 2026

По што ќе останете запамтени

October 10, 2026

Анализа на ЦИВИЛ МЕДИА: Скопје без план – кој ја плаќа цената на европскиот застој?

October 10, 2026

Светски ден на менталното здравје: Светската здравствена организација повикува на грижа со достоинство и почитување на правата

October 10, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Четири референдуми, поделена Словенија: Граѓаните го отфрлија законот на Јанша, но поддржаа дел од неговите политики

October 12, 2026

(АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА) Кој е Михаил Звинчук и зошто протераниот руски пропагандист замина токму во Белград

October 11, 2026

По што ќе останете запамтени

October 10, 2026

Анализа на ЦИВИЛ МЕДИА: Скопје без план – кој ја плаќа цената на европскиот застој?

October 10, 2026

Светски ден на менталното здравје: Светската здравствена организација повикува на грижа со достоинство и почитување на правата

October 10, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.