Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Димитров: Нема да ме замолчат, останувам да се борам за македонската кауза

0
By Biljana on January 12, 2022 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, January 12, 2022 11:42

„Договорот од Преспа со Грција е историски успех на кој сум посебно горд бидејќи тој ни ги отвори вратите на НАТО. Сликата за нас во светот е светлина на надеж на Балканот“, рече на денешната прес конференција вицепремиерот за Европски прашања во заминување, Никола Димитров.

„Преспанскиот договор на кои работев од 2003 година е Договор што ја дефинираше Македонија географски, го потврди процесот на самоопределување на македонскиот народ и го тргна привремениот назив БЈРМ. Затоа членството во НАТО е директен резултат на Договорот од Преспа. Преспа беше можна затоа што Грција прифати кои сме и каков јазик зборуваме е само наша работа“, рече Димитров.

Тој е дециден дека неговите ставови околу преговорите со Бугарија, кои како што вели во многу наврати биле спротивни на ставовите на неговите владини колеги, биле причина зошто тој не се најде во новиот владин состав. Дополнително, Димитров обвинува дека партијата на власт, му понудила да замине како амбасадор на Северна Македонија во Вашингтон, само за, како што вели, да го замолчат.

„ Демантирам дека самиот сум се повлекол, тоа не е точно бидејќи јас не сум човек што се повлекува од битки, сметам дека позициите што ги застапувам во процесот на преговори со Бугарија се битни и важно е да се одржат. Не се повлеков затоа што чувствувам одговорност и сметам дека позициите што ги застапувам во процесот на преговори со Бугарија се исправни и важно е да се одржат. Имав сериозна битка внатре особено во последната година во однос и на дефинирањето на националните позиции, значи за самата суштина на маката, ама и на стратегијата, односно на текот на самите преговори. Таа битка не беше тајна. Разликите беа евидентни и во јавните пораки и во јавните настапи. Заедно со фактот дека за моите позиции немаше простор во новата Влада не ме изненади понудата да бидам амбасадор во Вашингтон. Тоа не само што ќе ме тргнеше од дома туку ќе ми го врзеше зборот. Токму овој обид да ме тргнат од дома го прави мојот обид да останам уште поголем. Јас ветувам дека ќе продолжам да се борам против било кое лошо решение, а ќе поддржам европско и добро решение“, рече Димитров.

Призна дека нема доверба во актуелниот министер за надворешни работи, Бујар Османи.

„Да, немам целосна доверба во министерот за надворешни работи во однос на прашањето со Бугарија, со оглед на моето искуство на интерните координации, средбите во Брисел. Имам чувство дека таму има ‘драјв’ за успех по секоја цена, што мислам дека е опасен и не е продуктивен. Можеби грешам и се надевам дека грешам“, кажа Димитров.

Како што нагласи, во два наврати кога таа битка кулминирала за што јавноста не знае – еднаш во Брисел, еднаш во Скопје, јасно кажал дека нема да дозволи поставените граници да се поминат по каква била цена, а најмалку по цена на неговата позиција во Владата, потенцирајќи дека со тоа дал до знаење дека со него внатре за некои работи едноставно нема разговор.

Поддршката што Македонија ја има од сите земји членки на ЕУ во однос на преговорите со Софија, според него говори за цврстите заложби и резултати кои ги правел како политичар во изминатите години.

„Моите позиции во Владата во однос на колегите беа различни на многу теми, од приодот и мерките против пандемијата, преку ставовите за легализација на дивоградбите, медиумуските политики итн“, вели Димитров.

Во однос на тоа на кој политичар од владината гарнитура му сметале ставовите на вицепремиерот Димитров, тој  вели оти тоа прашање веројатно треба да му биде поставено на новиот мандатар, или како што рече „уште повеќе на претходниот“.

Димитров демантираше дека подготвува формирање на нова политичка партија.

„Деновиве постојано добивам прашања и од вас новинарите ‘Дали ќе направите партија’? Мене не ми е важна формата, организацијата и фукнкцијата, важна е битката, заложбата и принципите. Но, тоа што сигурно ни треба е отворање на еден непријатен разговор за вистински промени на самиот систем. Јас ви ветувам дека ќе најдам начин тој разговор да го отворам и за тие промени ќе се борам“, додаде тој.

Димитров вели дека Секретаријатот под негова палка направил големи чекори, меѓу кои ги спомена ажурирање на Националната програма на правото на ЕУ,  европско законодавство на македонски јазик, како и 240 милиони евра во проекти за кои Брисел допрва ќе објави.

(Б.Б.)

Никола Димитров
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.