Зградата на словачкиот парламент денеска беше затворена поради дојава за наводно поставена бомба, јавија словачките медиуми.
Никој не смее да влегува или да излегува од собраниската зграда.
Портпаролката на парламентот, Михаела Јурцова, за ТАСР потврди дека постои безбедносен ризик и дека полицијата во моментот проверува делови од зградата отворени за јавноста.