Самитот на ЕУ кој денеска се одржува во Брисел би требало да биде концизен, а сите теми, од Сирија, преку Русија до Брегзит ќе бидат обработени во еден ден и ќе завршат со вечера на која не е повикана британската премиерка Тереза Меј, објавува Дојче веле.
Во однос на Сирија, како што тврди овој медиум, европските лидери нан овој самит се наоѓаат на врвот на својата надворешнополитилка немоќ.
Како што се наведува покрај укажувањата дека треба да се применат “сите можни опции“, како што е наведено во нацрт заклучоците, на тоа можеби ќе се додадат неколку силни зборови, но дека шефовите бна европските влади се навистина беспомошни посматрачи на сириската драма.
Некои пред состанокот изјавија дека би требало да се дискутира за натамошни санкции кон Русија поради нејзиното учество во уништувањето на Алепо и воените злостотсрва за кои се обвинети. Но сепак не се очекува никаква одлука за тоа, објавува Дојче веле.
Во однос на Русија, Германија и Франција кои го надгледуваат спроведувањето на СПогодбата од Минск, ќе поднесат извештај, а нивниот суд за ситуацијата на истокот на Украина е негативен. Се оценува деа кризата се претворила во „замрзнат судир“ кој секој момент може да избие во полна сила.
Се очекува санкциите против Русија да бидат продолжени за уште 6 месеци.
Во однос на Турција, официјално и натаму се говори дека спогодбата за бегалците функционира и дека обете страни се придржуваат до договореното – Турција ги спречува бегалците да патуваат кон Европа, а Европјаните плаќаат.
Но на дневен ред нема да биде прашањето за тоа за натамошниот развој на односите со Турција, а ветеното укинување на визите е одложено за следната година.
Преговорите се фактички запрени, но официјално сите избегнуваат да го лутат турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, констатира Дојче веле.
Ќе има разговори и за Брегзит, но британската пемиерка Тереза Меј не е повикана на вечерата, на која како што се вели, пред се ќе се зборува за технички прашања – кок, кога и за што се смее да преговара во ЕУ.
Досега 27 те земји беа сложни во врска со излезот на Британија од ЕУ. СИте чекаат кога Британците ќе ја искажат својата желба, најверојатно во март, кога Тереза Меј ќе покрене излез според членот 50, констатира Дојче веле.




