Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Доктори, правници, професори, уметници се меѓу добитниците на наградата „13 ноември“

0
By Sashko on November 1, 2021 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Доктори, правници, професори, уметници се меѓу добитниците на наградата „13 ноември“ што традиционално секоја година ја доделува Град Скопје. За нив се одлучуваше по пат на тајно гласање од комисија во состав Вангелина Мојаноска како нејзина претседателка и членовите Лорета Георгиевска-Јаковлева, Газанфер Бајрам, Севдаиљ Демири, Халил Зендели, Бранко Цветкоски, Виолета Томовска, Петре Арсовски, Роландо Кутиров, Љубиша Станковиќ и Даница Стојанова.

Меѓу годинашните лауреати се актерот Раде Шербеџија, универзитетскиот професор во пензија, Денко Малески, медицинскиот тим чиј ччлен беше и министерот за здравство Венко Филипче кој ја изведе првата операција во земјава – имплантација на вегус нерв стимулатор кај пациенти со епилепсија резистентна на лекови и други.

Наградата „13 ноември“ ја доделува Град Скопје за остварувања во различни области, како образование, култура, здравство, заштита на животната средина, итн.

Добитници на Наградата „13 Ноември“ на Град Скопје за 2021 година се:

Од областа на науката

– Денко Малески (професор во пензија) – за посебен долгогодишен придонес во развојот на науката и високото образование;

– Емил Ниами (автор, лектор, преведувач) – автор на првиот Речник на антонимите во македонскиот јазик и на првиот Речник на паронимите во македонскиот јазик.

Од областа на образованието и воспитанието

– Мишо Докмановиќ (редовен професор на Правниот факултет„Јустинијан Први“) – за посебен придонес во развој на науката и високото образование.

Од областа на публицистиката

– Слободан Петровиќ (новинар, публицист) – за повеќедецениски придонес во македонската печатена новинска продукција.

Од областа на културата

– Ирена Колиштркоска Настева (археолог) – за 35-годишно активно битисување, видно учество во сферата на културата, музејското работење, со акцент на археологијата.

– Лилјана Пандева (писател, поет, прозаист) – за достигнувања во областа на современата македонска книжевност и придонес како лектор по македонски јазик.

Од областа на уметноста

– Емилија Џипунова (балетски уметник и балетски критичар) – за долгогодишен придонес во развојот на балетската уметност во државата и надвор од неа.

Од областа на здравствената заштита

– Медицински тим на доктори кој ја изведоа првата операција во земјава – Имплантација на вегус нерв стимулатор (ВНС) кај пациенти со епилепсија резистентна на лекови, составен од: доц. д-р Владимир Рендевски, доц. д-р Венко Филипче, проф. д-р Владимир Башчаревиќ, проф. д-р Емилија Цветковска, н.сор. д-р Бојан Бошковски, доц. д-р Иван Барбов, асс. д-р Благој Шунтов, д-р Радмила Панговска, д-р Јасна Бушиноска.

– Тим за имунизација од ковид-19 при Здцравствен Дом Скопје – за исклучителна ангажираност и несебичен придонес во процесот на имунизација на населението.

Правни лица

– ЈНУ Институт за македонска литература – Скопје – за 40-годишна работа во областа на науката, образованието и културата и реализирани проекти за заштита на културното наследство во соработка со Градот Скопје.

– ООУ „Кирил и Методиј“ село Стајковци, Општина Гази Баба, Скопје – за постигнати извонредни резултати во наставниот процес и воннаставните активности во училиштето и надвор од него.

Лице од друга држава

– Раде Шербеџија (режисер, актер) – за голем придонес во културно-уметничкиот живот и афирмација на град Скопје преку филмот „Ослободување на Скопје“.

Ученици и студенти

– САНДРА НЕДАНОВСКА (ученичка во ПСУ „Јахја Кемал“- Скопје) – за континуирани успешни постигнувања во наставните и воннаставните активности што претставуваат посебен придонес за напредокот и афирмацијата на градот Скопје во државата и надвор од неа.

13 Ноември Македонија награда Скопје
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.