Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Документи на Базфид: Москва го уценувала Трамп со секс скандали

3
By Соња Трајковска on January 11, 2017 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, January 11, 2017 14:34

Како бомба во американската јавност синоќа одекнаа детали од досега непроверен извештај на еден британски разузнавач доставен во ФБИ, во кој се истакнуваат обвинувања дека Путин го држи во рака Трамп со компромитирачки податоци за ужасни сексуални перверзии во кои Трамп учествувал во текот на една од поранешните посети на Москва.

Делови од извештајот пренесоа неколку медиуми, со напомена дека се непотврдени.

Овој извештај веќе подолго време кружи во новинарските редакции и политичките кругови, но освен по некоја референца, досега не излегоа никакви детали од него. Вчера вечер за него почнаа да извесуваат водечките светски медиуми, додека Базфид (BuzzFeed), иако се оградија дека не успеале да ги потврдат наводите, го објави комплетниот извештај на 35 страници.

Доверливиот документ во форма на синопсис на две страници минатата недела им бил предаден на актуелниот и на идниот претседател, Обама и Трамп.

Како што пишува „Гардијан“, водечкиот конзервативен сенатор Џон Меккејн минатиот месец овој документ го проследил до директорот на ФБИ Џејмс Коми. Во непроверениот извештај се наведува дека постојат јаки докази за поврзаност на Трамп со Москва.

Од извештајот, произлегува дека сите членови на кампањата на Трамп имале длабоки контакти со Русите, но дека Русите дошле до информации кои би можеле да го компромитираат идниот американски претседател. Се работи наводно за информации со кои Путин може да го уценуа Трамп.

Извештајот на бившиот британски оперативец, сега приватен консултант, говори за повраност на Трамп и неговите луѓе со Русија. Извори од американската администрација тврдат дека на Британецот може да му се верува, бидејќи „во текот на кариерата се покажал како кредибилен извор“.

– Се работи за личност која секогаш беше од доверба, педантен и добро информиран, со репутација на човек со голем број контакти во Русија, изјавил неименуван извор за „Гардијан“.

Во извештајот меѓудругото се тврди дека Кремљ подготвувал терен, го поддржувал и го помагал Трамп најмлаку пет одини со цел преку него да предизвика пукнатини и поделби во западното сојузништво.

Исто така се споменува дека Трамп добил и „разни вредни бизниси со недвижнини кои му биле понудени во Русија“, а кои претежно се поврзани со орджувањето на Светското првенство во фудбал во 2018, но се додава дека „тој и неговиот тесен круг соработници прифатиле редовен прилив на разузнавачки податоци од Кремљ за неговите политички ривали“.

Сепак најексплозивното трвдење во извештајот е дека главната руска разузнавачка служба ФСБ за самиот Трамп собрала доволно компромитирачки информации за да може да го уценува. Во извештајот се говори за тоа како Трамп бил фатен во „сексуални перверзии“ за време на неговиот престој во Москва и Санкт Петерсбург и тоа во друштво на личности кои му ги подметнала и го следела ФСБ.

Во вториот дел од извештајот, подготвен на 19 јули минатата година,  се наведува дека претприемачот Картер Пејџ кого Трамп го постаи за еден од своите надворшено политички советници, во јули 2016 бил на таен состанок со Игор Сечин, можен директор на државниот нафтен конгломерат Росњефт и близок соработник на Путин. Пејџ наводно тогаш се сретнал и со Игор Дивјекин, полициски фунцкионер со разузнавачко минато, кој наводно го предупредил дека Русите поседуваат податоци кои би можеле да го копромитираат Трамп.

Во уште еден дел од извештајот на бившиот британски разузнавач, се наведува дека членовите на изборниот штаб на Трамп, кого своевремено го водел некогашниот консултант на проруските политичари во Украина Пол Манафорт, знаеле дека ќе дојде до хакерски упади на Демократската партија и дека на Русите за возврат им ветиле дека во кампањата нема да се занимаваат со прашања на руската анексија на Крим.

Иако Американците го фалат извештајот на бившиот британски разузнавач, „Гардијан“ сепак напоменува дека во него има и грешки. Така, во еден дел, пишува британсиот весник, се споменува московското предградие Барвика за кое се тврди дека е „резервирано за резиденции на водечките функционери и нивните блиски соработници“, но во стварноста, иако навистина се работи за елитна населба, нема никакви рестрикции за сопственост на оваа територија.

Извештајот наводно прво го нарачале противниците на Трамп во Републиканската партија, а подоцна и демократите, но дека самиот автор, како што наведува Гардијан бил запрепастен од податоците до кои дошол, па затоа извештаот го испратил и до ФБИ.

Веднаш по објавувањето на деталите од извештајот Трамп на твитер профилот напиша: „Лажни информации – Политички лов на вештерки“.

Потегот на Базфид да го објави во целост непроверениот извепштај исто така предизвика жестока дебата за етиката и за одговрноста на новинарите. Главниот уредник Бен СМит објасни дека одлуката да го објави целиот извештај е на линија на тоа да се биде транспарентен во новинарството и тоа да се сподели со сите читатели.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.