На 4 јуни Мрежата за известување за организиран криминал и корупција (Organized Crime and Corruption Reporting Network – OCCRP) заедно со партнерите НОВАТВ и КРИК и со поддршка на британскиот весник „Гардијан“ објавија истражување за влијанијата на српските и руските служби во македонската внатрешна политика. Можете да ги погледнете документите кои беа дел од ова истражување. Редактирани се имињата на личностите во овие документи за кои нема докази кои ја идентификуваат нивната улога или потенцијални инкриминирачки активности, како и имињата на лица чијашто безбедност може да биде загрозена. Редактирани се и  други инфорамции кои можат да придонесат за нивната идентификација.

Прочитајте ја целата сторија:

Руски и српски обиди за мешање во внатрешните работи на Македонија

Англиска верзија на сторијата овде и овде.

Живаљевиќ дејствувал по налог на највисокото раководство на Србија