Претседателот на САД, Доналд Трамп кажа многу лоши работи за медиумите, откако ја започна својата трка за претседател пред нешто повеќе од две години. Тој сугерираше дека медиумите не ја сакаат вистински Америка. Тој рече дека медиумите се „непријател на американскиот народ“. Тој постојано повторува дека новинарите се „најнечесните“ луѓе. Вестите кои не му се допаѓаат ги нарекува „лажни“ и вели дека тој го смислил тој термин.
Но, никогаш не отишол толку далеку како денеска, кога утрово на неговиот Твитер профил напиша: „Со сите овие лажни вести кои доаѓаат од Ен-би-си и Нетворкс, во кој момент е соодветно да се оспори нивната лиценца? Штетно за земјата“.
Она што Трамп го сугерира е Федералната комисија за комуникации да ги преиспита своите процедури за лиценцирање на големи информативни мрежи, затоа што она за што тие информираат на него не му се допаѓа.




