Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Доналд Трамп ја омекна реториката во првото интервју по победата

0
By Нова ТВ on November 12, 2016 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, November 12, 2016 12:24

Во првото интервју откако победи на изборите, Трамп вели дека нема да ги поништи промените во системот на здравствена заштита кои ги правеше Обама и дека кривично гонење на Хилари Клинтон не е приоритет.

Доналд Трамп се чини дека ја омекна реториката за повеќе ветувања но и закани кои ги правеше за време на кампањата во своето прво интервју по неговиот избор како американски претседател.

Трамп изјави дека нема да ги поништи промените во системот на здравствена заштита наречени „Обама-кер“ и дека кривично гонење на Хилари Клинтон за нејзините грешки со доверливите мејлови не е приоритет.

Тој претходно говореше дека веднаш ќе ја укине „Обама-кер“ откако ќе дојде на функцијата, но сега за Вол Стрит Џурнал изјави дека само ќе ја реформира мерката.

Трамп и неговата фамилија снимија интервју со СиБиЕс, каде тој имал посмирем тон кон неговиот опонент, Хилари, која претходно ја нарекуваше „одвратна жена“ и измамничка.

За истрагата со која и се закани на Клинтон во врска со нејзините мејлови, тој рече дека не му е приоритет.

„Не размислувам многу за тоа бидејќи сакам да го решам здравството, работните места, граничната контрола, даноците“, рече тој.

Претходно тој изјави дека ќе назначи специјален обвинител кој ќе се занимава со истрагата на случајот во кој Клинтон користела приватен несигурен сервер за да обавува службени доверливи мејлови, додека била Државен секретар на САД.

Изборот на Трамп кој шокираше многумина, предизвика протести низ градовите и универзитетските кампуси во Америка, заради неговите исламофобични и расистички напади.

Тој во интервјуто порача дека сака да го смири јавното расположение. „Сакам земја во која сите се сакаат. Ова најмногу ќе се постигне ако креираме рабтни места“, рече тој.

Запрашан дали отишол предалеку со тонот на неговата кампања, Трамп одговори: Не. Јас победив.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026
shortcut
ФОКУС
June 6, 2026

Кочани: 45-ти Марш за Ангелите: „За вистината да не остане без глас и правдата да не остане без крај“

ВЕСТИ June 6, 2026

За вистината да не остане без глас и правдата да не остане без крај –…

Прилеп: Отворено 60-тото издание на фестивалот „Војдан Чернодрински“

June 6, 2026

Радев: Македонија треба само да ги впише Бугарите во Устав / Мерц: Пропустите не се само кај кандидатите туку и во ЕУ

June 5, 2026

ЕУ реформа во најава: Француско – германски Нон пејпр за ЕУ етапна интеграција на државите од Западен Балкан

June 5, 2026
ТИКЕР

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.