Милијардерот Доналд Трамп ја изненади американската јавност соопштувајќи дека ќе се кандидира за претседател на САД во изборите што треба да се оддржат во 2016 година.
Трамп, кој е член на Републиканската партија, досега не се обидел да добие номинација за Белата куќа иако често пати зборувал за тоа.
„Официјално ја објавувам мојата намера да се кандидирам за претседател на САД и ние ќе ја направиме нашата земја голема повторно“, рече Трамп пред своите поддржувачи во Њујорк.
Тој истакна дека неговото богатство ќе му овозможи да биде ефикасен претседател.
„Нашата земја е во сериозна невоља. Ние повеќе немаме победи. Кога за последен пат некој видел дека победуваме? На пример да ја победиме Кина во договорот за трговија? Тие не убиваат. Јас ја тепам Кина цело време“, рече тој во својот говор.




