Published: Wednesday, February 24, 2016 12:41
Американскиот милијардер Доналд Трамп изрази уверување дека ќе биде номиниран од страна на Републиканците во претстојната трка за претседател на САД, откако победи и на прелиминарните партиски избори и во Невада.
– Ова ќе бидат два чудесни месеца, изјави Трамп, по третата негова победа во партијата на Републиканците, пред Марко Рубио и Тед Круз.
Оваа негова победа е трета по ред откако победи во Њу Хемпшир и Јужна Каролина.
Тој при своето обраќање по победата, рече дека доколку стане претседател, затворот во Гвантанамо ќе го задржи и “ќе го наполни со лоши момци“, а токму таквата изјава предизвика овации.
Следните избори се предвидени за 1.март, кога ќе се гласа во над 10 американски сојузни држави.




