Бранко Тричковски: Сам си Дончо! Проклето сам! Никој не те .бе!
Војната што сам ја почна, сам ќе мораш да ја завршиш.
И ти и твојот другар Биби.
Го изоравте Иран за пролетна седидба на режимот.
Ниту една друга цел не остваривте, меѓу другото затоа што беа лажни: нема атомска бомба, нема балистички проектили со кои може да се погоди Трамп тауер во Њујорк.
Ајатоласите остануваат.
Додека народот на Иран не реши поинаку.
Стратегиски сте поразени и во директниот судир и регионално, со тешка, историска, би рекол, компромитација на Штатите меѓу своите довчерашни сојузници и финансиери на Блискиот исток.
Собери си ги бродовите и одзатни го Ормуз. Никој нема да ти испрати ниту еден чамец помош додека твојата армада е таму.
Освен, можеби, Мицко и Муцко, некоја охридска пента, бесплатно.
Извини му се на Иран, на светот и на американскиот народ.
Ослободи ја функцијата и појди да играш голф на Флорида: немаш многу време пред да дојдат агентите на ФБИ да те соберат.
Можеби во келијата во која се обеси Епстајн!
Извор: Фејсбук



