Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Донирани уметнички дела ќе бидат дел од хуманитарната аукција за настраданите во пожарот во Кочани

0
By Marija Todorovska on April 24, 2025 ВЕСТИ, КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Над 140 ликовни уметнички дела и уште голем број рачни изработки и литературни изданија од автори од Кочани, Виница и други градови во државата се донирани за хуманитарно-продажната изложба, што беше отворена во Центарот за култура „Бели мугри“ во Кочани.

Настанот заеднички го организираат волонтерите од SupportKocani и вработените во кочанската културна институција, од каде упатија повик до сите ликовни уметници и литературни творци да дадат свој придонес во прибирањето финансиски средства за помош на настраданите во трагичниот пожар.

Во изминатиот период имавме одличен одѕив на повикот за донирање ликовни и литературни дела, што само потврдува дека имаме хумани луѓе кои подадоа рака да помогнат. Навистина беше одговорна и тешка задача да се изложат 143 уметнички творби, но ја подготвивме изложбата со сознанието дека некому ќе му помогнеме, затоа што ова е наша граѓанска одговорност. Делата ќе бидат изложени во наредните 14 дена, а на 26 април ќе се одржи аукција за нивна продажба на која може да учествува секој заинтересиран, истакна Александра Димитреова, раководителка на Ликовната галерија во ЦК „Бели мугри“.

На 26ти Април, во просториите на НУЦК Бели Мугри – Кочани ќе се оддржи аукција со јавно наддавање, каде што сите присутни ќе можат да купат уметничко дело и на тој начин да им помогнат на засегнатите жртви и повредени од трагедијата која се случи во Кочани.

Сите средства од хуманитарната аукција ќе бидат транспарентно донирани преку страната на @supportkocani.

supportkocani аукција донации јавно наддавање Кочани пожар уметнички дела ценатр за култура бели мугри
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.