Published: Thursday, April 2, 2015 19:12
Најмалку 70 студенти се убиени, а околу 80 се повредени во денешниот напад врз универзитетскиот кампус во кенискиот град Гариса. Според официјални извори, во моментов се трага по 500 студенти.
Претходно, министерот за внатрешни работи на Кенија, Џоузеф Нкаисери изјави дека е уапсен еден од напаѓачите.
– Еден од осомничените терористи е уапсен додека се обидувал да побегне, напиша министерот Нкаисери на социјалната мрежа Твитер.
Сомалиската терористичка организација Аш Шабаб ја презеде одговорноста за нападот.
Засега не е познато колку студенти се блокирани во кампусот, каде сомалиските терористи држат заложници и водат престрелка со безбедносните сили.




