Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Досега издадена 61 лиценца за производство на медицински канабис

0
By Нова ТВ on February 10, 2021 ЗДРАВСТВО
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Досега се издадени  61 лиценца за одгледување медицински канабис. Во постапка на лиценцирање се преку 20, а 10 се во постапка на изградба. Тие што се во постапка на лиценцирање чекаат комисијата да направи контрола по завршувења на објектот и поднесена документација за да може да добијат лиценца, изјави денеска премиерот Зоран Заев.

– Ова е навистина нешто кое што е сериозен потенцијал за државата. Јас зборувам многу отворено и чесно секојпат за тоа што претставува извор на БДП, нови работни места, високи просечни плати и почитувани работни места. Знаете колку е широко распространета употребата во делот на огромен дел на болести. Нашето поднебје досега покажало, барем според стручните луѓе и стручните анализи, дека е едно од најпосакуваните за производство медикал канабис, односно канабис за медицински цели и за производство на лекови токму од тоа растение, изјави Заев одговарајќи на новинарско прашање на прес-конференција во Владата во врска со одземената лиценза на компанијата „5 Летерс“ од Ресен.

Дополнително, рече премиерот, се прават напори да го донесеме законот во Собранието, кој што дава лепеза на можности за извоз, покрај на медициснко масло како финален продукт и на цветот од канабисот, така и сите други можности на зајакната контрола, институционализација, формирање на агенцијата, подигање на државните ресурси за овој потенцијал.

– Само ако се донесе законот којшто е во Собранието заглавен од октомври 2019 година, значи некаде година и пол, очекувам БДП од 250 милиони евра што е некаде 2,2 проценти од вкупниот БДП на државата. Има нови барања и веројатно ќе има и други нови барања ако се донесе законот. Очекувам да се отворат илјадници високоплатени работни места, каде што просечна плата е повисока од 700-750 евра, рече Заев.

Во врска со одеземната лиценца за одгледување канабис за медицински цели на Друштвото за производство, трговија и услуги „5 Летерс“ ДОО Ресен, тој појасни дека тоа е сторено по препорака на Министерството за здравство и на Комисијата која ги издава лиценците, откако  при контроли е утрдено  дека дел од прозводството било без дозвола.

– Сето тоа што е екстракција на медицинскиот канабис е утврдено дека е законски и вредноста е некаде преку 10 милиони екстрахирано масло од канабис кое што е затекнато на залихи согласно сите стандарди. Тоа е сопственост на компанијата „5 Летерс“, но лиценцата е одземена заради тоа што се пронајдени стебла коишто се без дозвола, детали веројатно ќе следат од Министерството за здравство, поточно Комисијата која што ги дава и на чиј предлог се одземаат лиценците. Но, што се однесува на делот на производството секако секогаш компаниите можат да ги возобноват лиценците доколку се придржуваат на законските контроли. Такви контроли се случија во Удово, Валандовско или Јосифово. Такви контроли МВР, Здравство, соодветните инспекторати прават редовно насекаде низ државата, заради тоа што се работи за строго лиценциран процес којшто мора да ги почитува сите норми, додаде Заев.

Премиерот потенцира дека „5 Летарс“ е една од поголемите инвестиции во државата во областа на медицински канабис и посочи дека очекува да се утврдат причините зошто тоа се случило. Тој воедно апелираше до сите за строго почитување на законите кои мора да важат еднакво за сите без разлика дали се работи за домашен или странски инвеститор.

– За помала или поголема инвестиција, законот мора да важи еднакво за сите, потенцира премиерот Заев.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Во Бронкс се урна дел од високо катница – се сомнева на експлозија од гасен уред или систем

October 1, 2025

Комеморативни собири низ Србија – Единаесет месеци од падот на бетонската настрешница на железничката станица во Нови Сад

October 1, 2025

6.9 по Рихтер на Филипини – загинаа најмалку 69 луѓе

October 1, 2025

Експлозии и пожар во Минхен: полицијата со хеликоптер се приближи до куќа полна со експлозив

October 1, 2025

Грција блокирана – штрајк и ден без возови, бродови, такси, …

October 1, 2025
ФОКУС

Хамас го проблематизира планот на Трамп за Газа

ВЕСТИ October 1, 2025

Хамас побара дополнителни објаснувања од посредниците во врска со американскиот план за завршување на војната…

Израелскиот министер за одбрана издаде последно предупредување до жителите на Газа да бегаат на југ од енклавата

October 1, 2025

Вашингтон до Курти: Прекинот на дијалогот меѓу САД и Косово е поради вашата влада, а не поради Србија

September 30, 2025

„Ако не го прифатите, ќе биде тоа тажен крај“ – Трамп му даде 4 дена на Хамас за планот за Газа

September 30, 2025
ТИКЕР

Во Бронкс се урна дел од високо катница – се сомнева на експлозија од гасен уред или систем

October 1, 2025

Комеморативни собири низ Србија – Единаесет месеци од падот на бетонската настрешница на железничката станица во Нови Сад

October 1, 2025

6.9 по Рихтер на Филипини – загинаа најмалку 69 луѓе

October 1, 2025

Експлозии и пожар во Минхен: полицијата со хеликоптер се приближи до куќа полна со експлозив

October 1, 2025

Грција блокирана – штрајк и ден без возови, бродови, такси, …

October 1, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.