Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

0
By Zoran Ivanov on October 5, 2025 СВЕТ, ТИКЕР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, October 5, 2025 21:38

Берлин: Довербата во владејачката коалиција на конзервативците и социјалдемократите во Германија падна на рекордно ниско ниво, покажа анкетата на институтот „Инса“ нарачана од весникот „Билд“, јави ДПА.

Централно-левичарската Социјалдемократска партија на Германија (СПД) и конзервативниот блок составен на Христијанско-демократската унија (ЦДУ) на канцеларот Фридрих Мерц и сестринската Христијанско-социјална унија (ЦСУ) заедно имаат само 38 проценти доверба – што е најлош резултат на коалицијата откако ја презеде власта во мај.

Конзервативците изгубија еден процентен поен во споредба со претходната недела, достигнувајќи 24 проценти доверба. Коалицискиот партнер СПД исто така падна за еден поен, на 14 проценти.

Доколку денеска има избори за германскиот Бундестаг, 26 отсто од испитаниците би го дале својот глас за крајно десничарската Алтернатива за Германија (АфД), која ја одржува стабилна својата популарност и доверба кај гласачите.

Поддршката Левицата е зголемена за еден процентен поен на 12 отсто, додека Зелените изгубија еден поен и сега се на 11 проценти. Алијансата Сара Вагенкнехт (БСВ) и Слободните демократи (ФДП) имаат 4 проценти, што е под прагот од 5 отсто потребен за влез во Бундестагот.

Останатите партии имаат поддршка од 5 проценти.

Анкетата на „Инса“ е спроведена меѓу 29 септември и 2 октомври, а биле опфатени 1.186 испитаници.

 

Влада Германија доверба Мерц најниско
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026
ФОКУС
May 1, 2026Updated:May 2, 2026

103-ка

ВЕСТИ May 1, 2026

На денешен ден пред 35 години, на 1-ви мај 1991, точно во 06:00 часот, во…

Скопје: „За плата се бориме, не се молиме“ – протест на Сојузот на синдикатите на Македонија

May 1, 2026

„Не се молиме“ – првомајски протест на ССМ за повисока минимална плата

May 1, 2026

ССМ: Отворено писмо до работниците – Да живее Први мај / Работнички протест Работнички дом 1-ви мај, петок,11 часот

April 30, 2026
ТИКЕР

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.