Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Довжан: Се надеваме дека дијалогот Софија – Скопје ќе го деблокира ЕУ патот за Северна Македонија

0
By НОВА ТВ on September 21, 2021 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Државниот секретар за европски прашања на Словенија, Гашпар Довжан, кој денеска претседаваше со Советот за општи работи на ЕУ, рече дека на денешниот состанок на министрите на ЕУ се разговарало за кредибилитетот на ЕУ на Западен Балкан, јави дописничката на МИА од Брисел.

Запрашан како ЕУ планира да го зајакне својот кредибилитет во регионот со оглед на билатералната блокада наметната од страна на Бугарија за почеток на преговори со Северна Македонија, Довжан рече дека денеска министрите не разговарале детално за ова прашање но изрази надеж дека спорот ќе се реши за да може да се усвои преговарачката рамка за Северна Македонија.

Бугарија ја блокира преговарачката рамка за земјата поради инсистирање да се вметне референца за „погрешно толкување на историјата“, на што се противат неколку земји и членки и Северна Македонија.

– Не можеме на состанок како овој да решаваме билатерални прашања што го кочат проширувањето, рече Довжан за денешниот министерски состанок, но истакна дека земјите членки размениле мислења на темата како и за проширувањето генерално.

Словенечкиот државен секретар смета дека во најголем дел прашањата ќе се отворат на претстојниот Самит ЕУ-Западен Балкан на шести октомври.

– Многу работи ќе се дискутираат таму, но ова не е самит за проширување, предупреди државниот секретар и додаде дека на самитот ќе се разговара како ЕУ му помага и соработува со регионот и како понатаму да продолжи да го прави тоа на успешен начин во областа на зелената транзиција, дигитализацијата, поврзаноста, младите.

Довжан рече дека сите во ЕУ се надеваат дека дијалогот Софија Скопје ќе даде резултати.

– Сите се надеваме дека дијалогот Софија Скопје ќе нѐ доведе до решение кое ќе и овозможи на Северна Македонија да оди напред и да се усвои преговарачката рамка, рече Гашпар Довжан.

ЕУ Скопје Софија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
ФОКУС

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

ВЕСТИ November 16, 2025

Утре во Брисел ќе се одржи 7-та меѓувладина конференција, за пристапување на Албанија во Европската…

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.