Published: Sunday, January 4, 2015 10:22
Еден од најголемите грчки терористи Христодулос Ксирос, е осуден на доживотен затвор за тероризам, откако вчера беше уапсен по бегство од речиси една година, пренесуваат светските агенции.
Тој вчера бил уапсен од страна на Анти-терористичката единица на Грција во југоисточниот дел на Атина, но полицијата не ги прецизирала околностите на апсењето.
Гркот Ксирос во бегство беше од јануари минатата година.
Бил припадник на грчката екстремна левица, организацијата „17 ноември“ која е распуштена во 2002 година. Признал 23 убиства, меѓу кои и убиството на шефот на огранокот на ЦИА во Атина Ричард Велч.




