Published: Thursday, June 11, 2015 16:05
Доживотна затворска казна поради корупција доби поранешниот шеф на кинеската државна безбедносна агенција Џоу Јонгканг, соопшти денеска судот во Кина.
Во соопштението од судот се наведува дека Џоу е осуден поради примање мито, злоупотреба на власт и оддавање државни тајни.
Јонгканг е поранешен член на Постојаниот комитет на Комунистичката партија, и е највисокиот функционер кој се најде на мета на актуелната антикорупциска кампања на претседателот на Кина, Си Џинпинг.
Освен затворската казна, нему ќе му биде запленет и личен имот. Тој ја прифатил казната и нема да се жали, наведува судот.
– Свесен сум за штетата која им ја нанесов на партијата и на луѓето. Виновен сум и жалам за моите постапки, изјави тој.




