Published: Thursday, September 8, 2016 18:35
Доживотно бесплатно летање со Бурак Ер – ова е наградата за бебе кое се родило во авион кога мајката патувала од Триполи во Либија кон Ниамеј во Нигер.
Бурак Ер лита внатре во Либија како и во градови во Европа, Северна Африка и Блискиот Исток.
При породувањето помогнал целиот екипаж, а мајката веднаш го именувала новороденчето по пилотот, Абдул Басет.
Минатиот месец, на 14.август сличен случај имаше и на лет кој се одвиваше од Дубаи кон Манила, а на новороденчето му подарија 1 милион бесплатни воздушни милји изразени во патувања.




