Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Драган Спасов-Дац е добитник на „Петре Прличко“

0
By Нова ТВ on November 7, 2013 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, November 7, 2013 18:30

Aктерот Драган Спасов-Дац е добитникот на годинешната награда „Петре Прличко“, која ја доделуваат Општина Велес, Здружението на актери „Џинот“ и Велешкиот театар. Жирито во состав: Васил Зафирчев, Јордан Витанов и Зоран Љутков одлучи признанието, кое се доделува по осми пат, годинава да го добие Спасов со што тој е најмладиот од сите досегашни добитници.

Последната улога на Спасов е Итар Пејо, во Огнени јазици на легендарниот двоец Унковски-Стефановски, за која беше награден со овации од публиката.

„Ако некој актер од помладата генерација се експонирал со така голем број впечатливи актерски остварувања и се наметнал со својата продуховена и свежа игра кај публиката и критиката, тоа сигурно е Дац. Тој со изразена моќ на силна уметничка трансформација ја прави неговата игра полна со нијанси, суптилна, трогателна, нежна и лирична, секогаш духовита и свежа. Драган Спасов зрачи од сцената со своите физички и психолошки нијанси, создава современа и модерна актерска игра“, рече актерот Васил Зафирчев во образложението на жирито за наградата.

Инаку, наградата на Спасов ќе му биде врачена во сабота во Велешкиот театар, кој во негова чест ќе ја одигра претставата „Ноќите во бел сатен“. Драган Спасов-Дац дипломира на ФДУ во класата на професор Слободан Унковски. Од 1992 година работи како актер во Драмски театар. Досега има остварено многубројни значајни улоги во театарски претстави, филмски и телевизиски проекти, како што се „Грев или шприцер“, „Амадеус“, „Ало будење“, „Дон Жуан“, „Платонов“, „Свадбата на Фигаро“…

Актерската награда „Петре Прличко“ досега ја добија: Благоја Спирковски Џумерко, Емил Рубен, Петар Мирчевски, Благоја Чоревски, Мето Јовановски, Борис Чоревски и Петар Темелковски.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026
ФОКУС
May 1, 2026

Скопје: „За плата се бориме, не се молиме“ – протест на Сојузот на синдикатите на Македонија

ВЕСТИ May 1, 2026

Протест на Сојузот на синдикатите на Македонија под мотото „За плата се бориме, не се…

„Не се молиме“ – првомајски протест на ССМ за повисока минимална плата

May 1, 2026

ССМ: Отворено писмо до работниците – Да живее Први мај / Работнички протест Работнички дом 1-ви мај, петок,11 часот

April 30, 2026

Москва – Вашингтон: Путин и Трамп 1.5 час на телефон

April 29, 2026
ТИКЕР

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.