Published: Monday, April 20, 2015 18:39
Хашин Тачи ќе биде уапсен и изведен пред суд, ова е денешниот одговор на официјален Белград на барањето на Приштина, косовскиот министер за надворешни работи Хашим Тачи во петок да го посети Белград.
Поранешниот косовски премиер Тачи е повикан во Белград од невладината организација Младински одбор за образование којашто организира собир наречен „Еврпска интеграција на западниот Балкан – заедно можеме подобро“.
Србија го потсети Тачи дека против него има правосилна судска пресуда бидејќи на 11 јули 1997 година бил осуден во отсуство од Окружниот суд во Приштина на 10 години затвори, а две години подоцна пресудата ја потврдил и Врховниот суд на Србија.




