Published: Friday, October 31, 2014 11:38
Беспилотни летала се забележани над неколку нуклеарни централи во Франција, но засега не се знае кој управува со нив и зошто се нашле таму, пренесува Би Би Си.
Француските власти засега немаат информација кој управува со леталата, кои се забележани седум пати нас централите кои произведуваат околу 3/4 електрична енергија во земјата.
„Гринпис“ организацијата ја одби одговорноста откако се јавија шпекулации бидејчи неодамна нивни активист леташе со параглајдер над централите.
Самата организација посочува дека дроновите можат да бидат многу опасни по безбедноста на нуклеарните централи.
Француските закони велат не е дозволено летање во пречник од пет километри и 1000 метри висина над нуклеарните централи.




