Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Друштвото на филмски работници: Државните ревизори не ја разбираат природата и начинот на функционирање на граѓанските здруженија

0
By Zoran Ivanov on November 28, 2025 ВЕСТИ, КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, November 28, 2025 16:03

Согласно позитивните законски прописи и утврдената пракса во Македонија, Државниот завод за ревизија, преку Агенцијата за филм на РСМ изврши ревизија врз здружение на граѓани, односно Друштвото на филмски работници на Македонија, кое припаѓа на НВО секторот, регистрирано како невладина и непрофитна организација.

При извршената ревизија во 2023 година, од страна на Државниот завод за ревизија е констатирано дека не постојат финансиски злоупотреби од страна на Друштвото на филмски работници и Агенцијата за филм на РСМ во делот на доделените средства. Но, истиот констатира дека постапката врз основа на која се добиени средствата, не е поткрепена со правилник и процедури.

По ова, Агенцијата за филм пристапува кон изготвување на правилник и распишува јавен повик за финансирање на проекти на здруженија на граѓани од областа на филмската дејност.

Во 2025 година пак, иако се имплементирани насоките и забелешките,  ДЗР повторно врши ревизија и констатира дека,  цитираме:

„Врз основа на донесен Правилник 46 за постапка и услови за распределба на средства за финансирање на здруженија во текот на 2024 година, Агенцијата објавила јавен оглас / повик за финансирање на проектни активности на здруженија од областа на филмската дејност“. 

„Врз основа на огласот, пристапено е кон склучување на договор со две правни лица за финансирање на проектни активности на здруженија од областа на филмската дејност за 2024 година, при што се  доделени средства во вкупен износ од 2 милиони и 815 илјади денари“. 

„По извршен увид во договорите за финансирање и трошоците на проектот за проектни активности, утврдивме дека одобрените средства се наменети за исплата на надоместоци, адвокатски услуги, сметководствени услуги, одржување и ажурирање на веб страна, за закуп на деловен простор, за членување на меѓународни организации, за патување во странство и угостителски услуги и други трошоци“.

„Горе наведеното не е во согласност со член 10 алинеја 8 од Законот за филмската дејност кој предвидува „соработка на Агенцијата со здруженија од областа на филмската дејност“ но не и финансирање на нивното работење и има влијание врз законското и наменско користење на средствата“.

Друштвото на филмски работници на Македонија укажува дека со овој извештај ДЗР навлегол во делот на стручно оценување на проектните активности поврзани со унапредување на македонската кинематографија и развој на филмската дејност, што не е негова надлежност. На овој начин ДЗР се обидува да го поништи мислењето на стручните тела на АФРСМ, во случајов – уметничкиот совет, сочинет од филмски професионалци и истакнати личности од областа на културата, чија компетенција и кредибилитет се неспорни.

Патем, со таквите оценки изнесени во извештајот на ДЗР, директно и индиректно се нанесува штета на најстарото филмско друштво во Македонија, кое повеќе од 75 години ги застапува интересите на сите филмски творци, автори и работници и заедно со Друштвото на писателите и Друштвото на ликовните уметници, претставува темел на македонската култура.

Укажуваме и посочуваме дека соработката помеѓу АФРСМ и ДФРМ е во согласност со член 10 став 8 од законот за филмска дејност и во согласност со правилникот изготвен од страна на АФРСМ. Ваквиот начин на соработка не е случај само во нашата држава, туку тоа е пракса во сите европски кинематографии.

Очигледно е дека ДЗР не ја разбира природата и начинот на функционирање на граѓанските здруженија. Но, во истовреме сме согласни и дека нема потреба да разбира материја која е вон опсегот на надлежности на оваа институција.

Наместо генерирање на извештаи кои содржат делови кои се непотребни и тенденциозни, го упатуваме ДЗР да се фокусира кон вистинските проблеми кои ја засегаат македонската култура и филм, а за кои постојат видливи докази и за кои се оформени предмети со кои се занимаваат секторите за финансиски криминал и Основното јавно обвинителство.

 

ДЗР ДФРМ реакција
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Најмалку 11 мртви во пукотница на фудбалско игралиште во Мексико

January 26, 2026

Милка „фатена“ на дело – чоколадото прогласено за измама на годината

January 21, 2026

Јанукович во отуство осуден на 15 години затвор за присвојување на државно земјиште

January 20, 2026

Десетици исчезнати во пожар во трговски центар во главниот град на Пакистан

January 19, 2026

Десетици загината во железничка несреќа во Шпанија

January 19, 2026
ФОКУС
January 26, 2026

Историски највисока цена на златото – достигна над 5.000 долари за унца

ВЕСТИ January 26, 2026

Цената на златото денес за прв пат во историјата надмина 5.000 долари за унца, продолжувајќи…

Минеаполис: Растат тензиите откако Федерални агенти убија уште едно лице

January 25, 2026

Казните од Сејф Сити – од 20 до 400 евра

January 25, 2026

31-ви конгрес на СДСМ: Жестоки критики од Филипче за власта – Ја сведовте државата на последната дупка на Балканот – Европа не отпиша, Америка не нè запишува

January 24, 2026
ТИКЕР

Најмалку 11 мртви во пукотница на фудбалско игралиште во Мексико

January 26, 2026

Милка „фатена“ на дело – чоколадото прогласено за измама на годината

January 21, 2026

Јанукович во отуство осуден на 15 години затвор за присвојување на државно земјиште

January 20, 2026

Десетици исчезнати во пожар во трговски центар во главниот град на Пакистан

January 19, 2026

Десетици загината во железничка несреќа во Шпанија

January 19, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.