Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Државата ги скрати парите за инсулини за еден милион евра

0
By Менче Атанасова Точи on April 11, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, April 11, 2017 14:41

Државата ги скрати парите за инсулин, игли, ленти и мерачи на шеќерот во крвта за 60 милиони денари или вкупно еден милион евра. Кратењето на средствата за болните од дијабетес е објавено во Службен весник на 3 април годинава. Во Измените на Програмата за обезбедување на инсулин, глукагон, инсулински игли, ленти за мерење на шеќерот во крвта и едукација за третман и контрола на дијабетес, скратени се средствата од 620.000.000,00 денари на 558.000.000,00. Во текстот нема објаснување зошто с е кратат парите на најранливата категорија граѓани, луѓето за кои инсулинот е еднаков на воздухот кој го дишат.

 

Од Сојузот на здруженија на дијабетичари се шокирани од ваквата одлука на Министерството за здравство.  Прашуваат врз основа на кои критериуми  и параметри е направено кратењето на парите за инсулин и инсулински помагала.

„Го прашуваме Министерството за здравство, дали кога ја носеле оваа одлука земале во предвид дека секоја година за 20 проценти се зголемува бројот на нови дијагностицирани луѓе со дијабетес . Кого консултирале за ова? Зошто Националната комисија за дијабетес не реагирала на ваквата одлука?“, прашува Бојан Киров, претседател на Сојузот на здруженија за дијабетес.

Од Министерството за здравство одговорија дека ги следат во континуитет работите и гарантираат дека ќе има доволно средства за да се покријат потребите за сите пациенти кои с е на инсулин.

„Mинистерството за здравство во континуитет ги следи имликациите на постигнатите цени на јавната набавка за инсулин и роковите за доспевање на фактурите и врз основа на тоа врши соодветно репрограмирање на средства во рамки на Програмата за инсулин. Тоа е нормална процедура во финансиското работење на Министерството за здравство. Тоа значи дека до крај на годината има доволно средства за да се покријат потребите на сите пациенти на инсулинска терапија“, се вели во одговорот на Министерството з а здравство.

Инаку, неколку години по ред пациентите со дијабетес имаат проблем со набавката на инсулини.  Тие постојано се жалат дека во инсулинските аптеки, инсулините и лентите ги снемува во одредени периоди од месецот поради што се принудени да си позајмуваат едни со други, организирани  преку социјалните мрежи. Пациентите  се сомневаат и во квалитетот на одредени типови на инсулини за кои велат дека не се ефикасни и не им делуваат.

исулини кратење пари
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Попустот на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – продолжува

October 3, 2026

На која страна си ти?

October 3, 2026

По посетата на Фон дер Лајен: Љубезни пораки, но без промена на условите за европскиот пат

October 2, 2026

Фон дер Лајен денеска во Скопје на средби со државниот врв – што може да се очекува?

October 2, 2026

АНБ во решителна акција против руска пропагандна: Потврда на заканата за која ЦИВИЛ предупредува со години

October 1, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Попустот на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – продолжува

October 3, 2026

На која страна си ти?

October 3, 2026

По посетата на Фон дер Лајен: Љубезни пораки, но без промена на условите за европскиот пат

October 2, 2026

Фон дер Лајен денеска во Скопје на средби со државниот врв – што може да се очекува?

October 2, 2026

АНБ во решителна акција против руска пропагандна: Потврда на заканата за која ЦИВИЛ предупредува со години

October 1, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.