Published: Thursday, March 26, 2026 12:25
Министерството за финансии започна со исплата на средствата кон компаниите кои во текот на 2023 година ги уплатија во Буџетот по основ на Законот за данок на солидарност.
Досега преку Трезорот на Министерството за финансии се реализирани налози во вкупен износ од 990 милиони денари.
Вкупниот износ што компаниите го уплатија во 2023 година во Буџетот изнесуваше 24 милиони и 340 илјади евра.
Половина од овој износ државата ќе го врати во текот на овој месец, а другата половина од износот во март 2027 година.




