Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Државен завод за статистика: Првиот квартал со 9.075 слободни работни места

0
By Нова ТВ on June 2, 2020 ПОЛИТИКА
Фото: akademik.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во првиот квартал од оваа година во државата се регистрирани 9.075 слободни работни места од кои, според дејности, најмногу (2.482) во преработувачката индустрија, објави Државниот завод за статистика. Најголема стапка на слободни работни места од 4,1 отсто има во секторот административни и помошни услужни дејности, а најмала е во секторот образование каде изнесува 0,47 проценти.

Деловните субјекти со број на вработени од 10 до 49 имаат највисока стапка на слободни работни места што изнесува 2,22 отсто. По региони, највисока стапка на слободни работни места има на југоистокот – 2,80 отсто.

Според занимања, најмногу слободни работни места, односно 2.878, има во петтата група – работници во услужни дејности и продажба. По нив следи групата техничари и сродни занимава со 1.668, потоа групата елементарни заминавања со 1.263, ракувачи и составувачи на машини и постројки – 1.058, итн. Регистрирани се и 720 слободни работни места од занимањето службеници, 609 во групата стручњаци  и научници и 34 во групата занимања членови на законодавни и извршни тела, државни функционери, раководни државни службеници, дипломати и директори.

Гледано по дејности, статистиката евидентира најмногу слободни работни места 2.482 во преработувачката индустрија, по што следат трговијата на големо и трговијата на мало и поправка на моторни возила и мотоцикли со 1.695, па административните и помошните услужни дејности со 933. Во градежништвото треба да се пополнат 803 работни места, во дејноста транспорт и складирање 569, објекти за сместување и сервисни дејности со храна 419, итн.

Државен завод за статистика Слободни работни места
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.