И во Македонија ќе се формира работна група која ќе работи на системот и граѓаните на нашата земја да може да патуваат во САД без визи до 90 дена, најави министерот за надворешни работи, Бујар Османи.
Сите хрватски државјани најдоцна од 1. декември ќе може да патуваат во САД без визи, откако Република Хрватска влезе во Програмата за укинување на визите.
Електронскиот систем за авторизација на патувањата ќе биде ажуриран најдоцна до 1. декември, за да им се овозможи на граѓаните на Хрватска да може да поднесуваат барања за патување во САД поради туризам или бизнис во траење до 90 дена, без виза.
Ова е важен чекор кон понатамошно зајакнување на долгогодишната соработка меѓу двете земји.