Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Државната каса во долгови, Ставрески заминува со заштеди

0
By Нова ТВ on June 15, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, June 15, 2016 08:24

Стан и куќа во Скопје, стан во Охрид и во Вашингтон, Америка. Со овој недвижен имот си замина вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески по 10 години на овие две функции. Според вредноста на становите и куќата, Ставрески заедно со сопругата „тежат“ 233 илјади евра. Во имотниот лист на Ставрески доставен до Антикорпциската комисија пишува и дека овој долгогодишен висок функционер на ВМРО-ДПМНЕ не го подновил возниот парк, туку сеуште ја вози Хондата Цивик купена во 2001 година.

Долгогодишниот чувар на државната каса, кој ќе остане запаметен како министер во чие време државата се задолжи за нови 2,5 милијарди евра, домашниот буџет домаќински го менаџирал. Ставрески и сопругата најголем дел од парите ги чуваат во Шпаркасе банка, а солидна сума од 74.600 долари им се легнати на сметка во Bank Fund Staff  FCU.

На свое име, на име на сопругата и на децата Ставрески во банка пријавил дека има 5600 американски долари, 22.200 евра, 5.685.445 денари (92.400 евра) и 4 австралиски долари.

imotna sostojba

 

 

Кога за прв пат дојде на функција во 2006 година, Ставрески во имотниот лист гордо го пријави и стариот „Варбург“ за кој бил емотивно врзан. Во меѓувреме најверојатно или се расипал или го продал, зошто во последната промена на имотната состојба Варбургот повеќе го нема.

„Моето прво вработување беше во фирмата „Авто Македонија“, која во тоа време продаваше ваков тип возила. Јас дотогаш немав автомобил и кога заштедив, го купив „варбургот“. Го возев десетина години и кога заминав во САД, им го оставив на родителите. Иако сега имам друго возило, од „варбургот“ не се откажувам. Многу често знам со татко ми да го запалам и да се провозиме. За тој автомобил навистина сум емотивно приврзан“, велеше Ставрески.

stavreski-610x400

Во анкетниот лист на Ставрески, не е наведен станот на улицата Димче Мирчев спроти МВР, каде два стана купи и поранешната министерка Гордана Јанкулоска. За овој  имот јавноста прв пат слушна во една од бомбите на опозицијата, но, сепак, во документацијата од Катастарот на Република Македонија единствен сопственик на стан е братучедот на Зоран Ставревски, Владимир Ефтимов.

„Во фамозната зграда на ВМРО-ДПМНЕ на улицата Димче Мирчев бр. 20 до стан дошол и министерот за финансии Зоран Ставрески. Се сетил дека тоа за што ја советувал својата колешка Горде, може да го примени и за себе. Грижата на Ставрески не била пари, туку грижата му била како никој да не го види додека го избира станот, додека го опремува и на чии име да гласи – обелодени портпаролот на СДСМ Петре Шилегов.

Зоран Ставрески има 52 години. Кариерата ја почнал во Народна банка во 1993 година, од 2001 до 2006 година работел во Светска банка на неколку различни позиции, а потоа се вгнезди во Владата и таму остана 10 години. Во меѓувреме го зацрврсти пријателството со екс премиерот Никола Груевски и му стана венчален кум на втората свадба со сопругата Боркица.

00C8D07BEC27584E89F32473B585AD45

 

Ставрески ако не најде работа, има право една година да прима апанажа во висина на платата. Но, и да „остане на улица“ тој секој месец има загарантиран приход од 84,636 денари од рента на стан. Со оглед дека просечната македонска плата е 4 пати помала од киријата која Ставрески ја добива секој месец, тој ќе може да си дозволи за дома да купува не само леб, туку и чоколади.

 

анкетен лист Зоран Ставрески имотна состојба оставка. министер за финансии
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026

Силен земјотрес го погоди Крит

April 24, 2026

Автобус тргна назад и прегази патници во Бугарија – двајца загинати и 16 повредени

April 22, 2026

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026
ФОКУС
April 28, 2026

Доаѓа време на вистина, правда и одговорност – прес конференција на претседателот на СДСМ, Венко Филипче  

ВЕСТИ April 28, 2026

 Премиерот Христијан Мицкоски многу сака да ја негира реалноста, да ја прикаже поинаку, ама очигледно…

Вајц: Македонија може да изгуби 47 милиони евра ако не ги спроведе реформите

April 27, 2026

Вашингтон: Успешен инженер и наградуван наставник пукал на вечерата на Трамп

April 26, 2026

Иран му се заблагодари на Пакистан, а потоа повлече линија: Нема договор без прекин на блокадата

April 25, 2026
ТИКЕР

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026

Силен земјотрес го погоди Крит

April 24, 2026

Автобус тргна назад и прегази патници во Бугарија – двајца загинати и 16 повредени

April 22, 2026

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.