Пратеници од имотни семејства, но и пратеници со „празни“ трансакциски сметки

По сликата кај дел од пратениците во албанскиот политички блок, „порталб“ овојпат за имотната состојба во Анкетните листови кај дел од пратените во македонскиот политички блок во деветтиот парламентарен состав

Имотна состојба на дел од пратениците во албанскиот блок на почеток на мандатот

Сегaшните Анкетни листови, според анализата на portalb.mk содржат податоци за последната пријавена состојба за имотот на пратениците, дел од нив во Државната изборна комисија (ДИК) фигурираат и со повеќе Анкетни листови, во зависност од функциите што ги имале пред пратеничкиот мандат, а законската регулатива предвидува и ги задолжува пратениците најдоцна 30 дена по завршување на нивниот мандат да пополнат нови Анкетни листови, пишува Порталб.мк. Направената анализа ја опфаќа моментната имотна состојба што ја пријавиле пратениците и по објавување на новите Анкетни листови, ќе се дознае дали кај некои од нив има и каква е промената на имотната состојба