Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Државниот врв денес на средби со Урсула фон дер Лајен

0
By Соња Крамарска on July 14, 2022 ВЕСТИ, НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
Претседателката на Европската комисија денеска ќе има говор во македонскиот парламент
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Претседателката на Европската комисија (ЕК), Урсула фон дер Лајен, денеска ќе пристигне во посета на Македонија.

Како што е најавено, Фон дер Лајен ќе биде примена од претседателот на државата Стево Пендаровски, а ќе оствари средби и со претседателот на Владата Димитар Ковачевски и со претседателот на Собранието, Талат Џафери.

Претседателката на ЕК, за време на посетата на Скопје, денеска ќе се обрати пред Собранието на Република Северна Македонија, во рамки на 80. пленарна седница, со почеток во 13 часот.

На седницата се поканети претставници на дипломатскиот кор, кои ќе можат да го следат обраќањето на претседателката на ЕК од галеријата во пленарната сала.

Пред одржувањето на собраниската седница, соопштија од собраниската прес-служба, предвидена е средба на претседателката на ЕК со претседателот на Собранието Џафери, во салата „Длаборез“.

По завршувањето на 80.седница, закажана е нова 81. седница, со почеток во 13.30 часот, на чиј дневен ред е Информација за содржината на Предлог – преговарачката рамка за пристапните преговори на Република Северна Македонија со Европската Унија, предложена од претседателството на Франција со Советот на Европската Унија на 30 јуни 2022 година.

Од владиниот Сектор за односи со јавноста, најавија дека е предвидена тет-а-тет средба на претседателката на ЕК Урсула фон дер Лајен со претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски, по што ќе следи и билатерална средба. (Р.Н.)

 

Државен врв средби Урсула фон дер Лајен
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.