Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Државниот завод за статистика ќе поднесе тужба против Мицкоски и ВМРО ДПМНЕ за клевета

0
By Нова ТВ on October 29, 2019 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Државниот завод за статистика ја демантира изјавата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, искажана на прес-конференција дека Државниот завод фабрикува извештаи по нарачка на Владата и ваквата изјава ја нарекува неточна и лажна.

„Државниот завод за статистика е професионална и независна институција, чија што работа е под постојан мониторинг и евалуација на Евростат, додека пак економските и монетарните статистики истовремено се и под мониторинг на ММФ. Поради изнесените клевети, Државниот завод за статистика ќе поднесе тужба за клевета до г. Мицкоски и до ВМРО-ДПМНЕ“ соопштуваат од Државниот завод за статистика.

Претседателот на ВМРО ДПМНЕ Мицкоски на прес конференција одржана минатата недела на која ја критикуваше Владата за економската политика рече дека до нив доаѓале „ разно разни сведоштва од вработени сегашни, но и поранешни вработени во рамките на Заводот за статистика за фабрикување и испорака на резултати кои претходно се диктирани на Илинденска бр2, а со цел да се стекнат со подобри стартни позиции до делот на обезбедување на средства за буџетот, но и за други политики кои ги води оваа влада.

„Навистина тоа е загрижувачки, јас во едно интервју кажав дека ако ова се потврди, а следната влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ сериозно ќе се позанимава со ова. Ова не е срам и измама само за граѓаните на нашата држава, ова е срам и пред меѓународните реномирани институции, кои од  тој Завод за статистика добиваат навигација за определување на кредитниот рејтинг, а кредитниот рејтинг го користат исто овие странскиве инвеститори покрај Извештајот на Светската банка „Doing Business“ дали да инвестираат дали да позајмат пари на нашата држава итн. Тоа претставува една класична измама која што ние како идна влада која што ќе ја формираме детално ќе истражиме“ кажа Мицкоски на прес конференција.

Во однос на Пописот на население, домаќинства и станови, од Државниот завод за статистика велат дека  согласно  меѓународната пракса и искуство, пописните и изборните активности не можат да се одвиваат паралелно.Поради изборите, Државниот завод за статистика ќе даде предлог до Министерството за правда, кое е официјален предлагач на Законот за попис периодот на спроведување на Пописот да се пролонгира за април 2021 година, а Законот да биде донесен пред формирање на техничката Влада.

Мицкоски попис Симоски тужба
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.