Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ДС ќе учествува на изборите: Граѓаните сакаат коренити промени

0
By Нова ТВ on September 1, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, September 1, 2016 12:51

Демократскиот сојуз најавува учество на парламентарните избори кои ќе се одржат на 11.декември оваа година, укажувајќи дека нивната коалиција  за  ПРОМЕНИ и ПРАВДА е отворена за сите кои сакаат да го победат злото, криминалот, корупцијата и да им ги вратат  украденото на граѓаните , и  оние кои сакаат да гласаат  и да се изборат за пристоен и достоинствен живот за сите, а не само за поединци.

Демократскиот сојуз подготви Изборна Програма „ПРОМЕНИ, ПРАВДА, ПРОГРЕС“, во која се вградени голем број на идеи од граѓанските организации кои подготвија предлог на итни демократски реформи.

– По вчерашниот договор за одржување на предвремени избори, граѓаните ќе имаат можност да се ослободат од сите тие кои Македонија ја ограбија и ја вовлекоа во длабока криза. Овиe лидери на четирите партии, не ја прифатија определбата на мнозинството граѓани, и Македонија да биде една изборна единица, но и покрај сé, ние го прифаќаме граѓанскиот предизвик и на изборите ќе одиме за да се случат промени и правда, а граѓаните да ја искористат последната шанса за да се ослободат од криминалците кои Македонија ја држат во заложништво и да го вратат тоа што им е украдено, се вели во соопштението на ДС.

Оттаму велат свесни се дека власта не спроведе суштински реформи за да има фер политички натпревар и можност партиите да ги презентираат своите платформи и проекти за излез од кризата но дека последните сондажи на јавното мислење ја покажуваат цврстата решеност на граѓаните од корен да се променат работите и да дадат шанса државата да ја водат способни и чесни кадри.

Демократскиот сојуз ги повикува политичките партии, граѓански асоцијации, поединци и сите други кои се за промени да се здружат во Коалицијата за Промени и Правда  и да покажат единство и гаранции на граѓаните дека се можни промени.

Во оваа коалиција засега активни учесници се Демократскиот сојуз, ФРОДЕМ, МОРО- РП и ДЕМОС.

избори коалиција за промени и правда
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.