Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ДСАМ: Небулозен е тендерот на Филипче за Јавно приватно партнерство за Стерилизација

0
By Менче Атанасова Точи on July 12, 2019 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Одлуката на министерот Филипче, Стерилизацијата да се даде приватен партнер и да функционира на принцип на јавно приватно партнерство наиде на остри реакции во Асоцијацијата за дезинфекција и стерилизација.

„Нема издржана анализа за јавно приватно партнерство за Стерилизацијата, а физибилити студијата се држи во тајност. Тендерската документација има недоречености и отвора можност за ризик , ова за НОВА го тврди Анета Симоновска претседател на Асоцијацијата за дезинфекција и стерилизација.

Симоновска која е дипломирана медицинска сестра и 15 години работела како инструментарка,  тврди дека не биле стручно консултирани како фела, ниту тие,  ниту вработените во стерилизација. Кога побарале средба со Филипче, тој бил отсутен. Таа вели дека со вака набрзина осмислен проект може да настанат големи проблеми бидејќи во светот ваков тип на јавно приватно партнерство на ниво на држава не постои.

„ Во Клинички центар централна Стерилизација да, ама на ниво на држава не. Стерилизацијата треба да претрпи промени, но за тоа да се направи потребни се стандарди, да се смени постоечкиот закон и да направиме протоколи. Стерилизацијата на ваков начин ќе доведе до големи проблеми бидејќи приватниот партнер ќе го почитува нашиот закон каде што стерилизацијата е опишана на само две страници “ , вели Симоновска.

Според тендерската спецификација планирани се четири регионални центри два во Скопје, а другите  два во Охрид и во Кавадарци.

Таа го поставува прашањето за типот на возилата кои како што стои во спецификацијата„ не треба да се постари од 7 години“ и каде не е прецизирано како ќе се носат нечистите и стерилизираните инструменти што може да биде многу опасно.

Инаку ваквиот проект за јавно приватно партнерство се покажа неуспешен во Албанија, каде на тендер се јавиле истите фирми како во Македонија.

„Во Албанија која сум ја посетила, овој проект не е започнат,  а тендерот е сличен како нашиот каде не е се детално опишано. Таму имаше и смртен случај за што сега се води истрага“, посочи Симоновска.

Според проектот на Министерството за здравство сегашаната Стерилизација ќе се затвори, а новата треба да бид ена површина од 450 метри квадратни. За разлика од ова во познатата болница „Ребро“ во Загреб Стерилизацијата е на површина од 2000 метри квадратни. Од Асоцијацијата го повикуваат уште еднаш Филипче, да ги прими да разговараат за ова многу важна проблематика бидејќи пропустите во иднина можат да бидат фатални за пациентите.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.