„Истиот ќе биде комплетиран откога ќе бидат завршени воредниот инспекциски надзор кај матичниот гинеколог во Охрид и на гинеколошкото одделение во охридската болница. Овие два надзора се во тек, одговорија на прашање на НОВА, од Министерството за здравство.
Државниот санитарен и здравствен инспекторат ќе спроведе вонреден инспекциски надзор и за случајот со 45 годишниот маж од Куманово кој почина вчера, а на член на неговото семејство(неговата мајка) која се вратиле од Франција и на другите членови на семејството брисеви им се земени дури вчера, откога почина пациентот. Според член од семејството, мајката цела недела имала симптоми и барала од матичниот лекар да и закаже тестирање, но тоа не било сторено.