Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) денеска објави список со 138 македонски државјани кои одбиле да примат решенија за самоизолација. Најголем дел од нив се од Скопје по што следат Штип, Гостивар и општина Желино.
Списокот е објавен откако ДСЗИ не можеше да најде над 450 луѓе да им врачи решенија што се јави како проблем за ограничување на движењето на потенцијално заразени граѓани.