Published: Thursday, December 31, 2015 20:07
Силен пожар избувна вечерва во хотелот Адрес, во центарот на Дубаи- најмалку 16 луѓе се повредени, но нема извештаи за жртви, соопшти владата на Обединетите Арапски Емирати , јавува Си-Ен-Ен.
Видеото покажува портокален пламен кој ја зафатил надворешноста на неколку продавници во хотелот.
Четири екипи на пожарникари се борат со пожарот, соопшти владата. Првичните извештаи од властите на Дубаи изјавија дека пожарот почнал на 20-от кат.
Хотелот Адресарот се опишува себеси како “премиерен хотел со пет ѕвездички” во Дубаи. Тој се наоѓа во близина на Бурџ Калифа, највисокиот облакодер во светот.
Прославата на Нова Година сепак продолжува, соопштуваат официјални лица на кои се повикува Си-Ен-Ен.




