Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Дубари за пари

0
By Zoran Ivanov on April 22, 2025 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, April 22, 2025 18:23

За да не ги „фати радарот“, неофицијално, се зборува дека неколку трговци го заобиколуваат законот така што формираат повеќе подружници во која распоредуваат по девет вработени?!

Соња Кириџиевска

Владата се „лизна“ на тенкиот мраз со озаконувањето на јавните ценовни објави. Мерката беше дотаму лошо осмислена што не е добро прифатена ниту од граѓаните ниту од трговците.

Сите трговски компании што имаат повеќе од 10 вработени, од 18 април добија обврска на своите веб-страници да ги објавуваат малопродажните цени на производите.

Згора на тоа, Правилникот за начинот на објавување на цените на производите, како подзаконски акт од измените на Законот за заштита на потрошувачите, ги обврзува дневно ажурираните цени да ги постават до 10 часот наутро, а за познатите трговски синџири посебно за секој маркет во рамките на компанијата. Ова е малку полесно за оние фирми што имаат свои сектори за информатичка технологија, но другите мораат да ангажираат и дебело да ги платат ваквите стручни лица ако не сакаат да бидат казнети со високи глоби. Дел од компаниите се оглушија и решија да ја понудат само опцијата „пребарување“, додека други понудија рачно прелистување страница по страница со списокот на цени за продуктите.

Граѓаните веќе се потсмеваат со предлози дека ако Владата сакала да направи ред со цените, тогаш требало да формира „работна група од пензионери“, која поевтино и далеку поефикасно ќе ја завршеше работата.

За да не ги „фати радарот“, неофицијално, се зборува дека неколку трговци го заобиколуваат законот така што формираат повеќе подружници во која распоредуваат по девет вработени?!

Аптеките и помалите трговци јавно излегоа со реакција дека ниту имаат доволно вработени, ниту, пак, сметаат дека сега е време за вакви „дигитални“ излети. Најгласни се шпекулациите дека и оваа измислица е со цел неколку софтверски компании солидно да заработат во ситуација кога им се намалува обемот на работа. Што би рекле кумановци – „дубаре за паре“.

Синдикатите се изјаснија дека објавувањето на цените не им оди во прилог на граѓаните, бидејќи ќе им одземе многу време за да пребаруваат низ веб-страниците. Од опозициската СДСМ сметаат дека мерката е нефункционална и нема да помогне да се намалат цените. Од Комората на Северозападна Македонија рекоа дека транспарентноста е корисна, но скапо ги чини фирмите. Од Организацијата на потрошувачите, пак, посочија дека е побитно да се надминат проблемите со големиот број поплаки, особено за разликите во цени што се истакнати на полиците и тие што граѓаните им се наплатуваат на каса.

Оттаму рекоа дека и во овој дел треба да се променат правилата на игра заради поголема заштита на правата на потрошувачите и елиминација на манипулативните активности.
Засега компаниите молчат дали ќе покренат иницијатива за оспорување на новата мерка пред Уставниот суд.

Пред да ја воведе оваа мерка, Владата требаше да ја има на ум мерката што во 2008 година Уставниот суд ја укина. Тогаш со одредба од Правилникот на Министерството за финансии, трговците беа обврзани да користат фискални каси што купените македонски производи ќе ги регистрираат одвоено од странските.

По одлуката на уставните судии, според некои пресметки, Владата требаше тогаш на околу 55.000 трговци да им врати вкупно 5,5 милиона евра, зашто под закана со казни од 4.000 до 5.000 евра ги натера да купат нови софтвери. Употребата на патриотските фискални сметки почна на 1 јули истата година, и тоа за време на власта на ВМРО-ДПМНЕ.

Надградбата на „патриотскиот“ софтвер на фискалните апарати, која чинеше од 50 до 200 евра, си ја платија трговците и оние што се занимаваат со услужни дејности. Патриотска фискална мораа да имаат и бербери, фризери, психолози, стоматолози, иако нивната услуга е исклучиво домашна. Сепак, таа беше укината по иницијативата што граѓанин од Охрид ја поднесе со цел оспорување на владината одлука.

Ја разбираме желбата на Владата во улога на „инспектори кои ќе ги контролираат цените“ да ги вклучат и граѓаните што и претходно беа постојано повикувани да пријават непочитување на мерките на Владата со кои се трудеше да ја заузда инфлацијата. Но, начинот што го одбра е не само непрактичен за потрошувачите, туку претставува и дополнителна обврска и финансиски товар за трговците. Секојдневното ажурирање цени „на празен стомак“ ниту ќе го задоволи апетитот на граѓанинот за поевтино, ниту ќе ги заузда „неразбраните трговци“!

Текстот е сопственост на Слободен печат.мк

 

портал Соња Кириџиевска цени
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026
shortcut
ФОКУС
June 24, 2026

Несигурен Западен Балкан: САД и Трамп ни ја продолжија вонредната состојба

ВЕСТИ June 24, 2026

Соединетите Американски Држави ја продолжија националната вонредна состојба поврзана со Западен Балкан за уште една…

Вашингтон: Американскиот Сенат изгласа резолуција против продолжувањето на војната против Иран

June 24, 2026

Британскиот премиер поднесе оставка и ја зачини со емотивен говор

June 22, 2026

Прва рунда преговори меѓу САД и Иран – напнато

June 22, 2026
ТИКЕР

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.