Претседателот на Полска, Анджеј Дуда ги предупреди критичарите на Германија внатре во Европската унија, дека канцеларката Ангела Меркел е единствениот политичар од Западот кој се уште има влијание врз претседателот на Русија, Владимир Путин.
– Не се менува фактот дека единствениот западен политичар кој се уште, макар и минмално, има влијание врз Владимир Путин е Ангела Меркел. Таа е исто така еден од малкуте политичари кои ја имаат во увид опасност која современа Русија ја претставува за Европа, вели Дуда за еден од полските дипломатски списанија.
Сепак и тој претходно упати критики кон Германија.
Тој вели разбирливо е на Полјаците да не им се допаѓаат проруските изјави на одредени германски политичари, а вели и жалат, што одредени германски корпорации цела Украина би ја жртвувале за само неколку договори со Русија.
Во интервјуто тој додава дека за Полска е најважно Русија да биде добар сосед а не геополитички противник и дека САД и Русија можат веднаш да ги нормализираат односите само доколку Москва се повлече од територијалниот интегритет на Украина и го почитува меѓународното право.




