Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ДУИ на митинг во Желино

0
By НОВА ТВ on October 7, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

ДУИ изборната кампања ја продолжи со претставување на кандидатот за градоначалник на Желино Фатмир Изаири, листата на кандидати за советници на чело со Шевал Сулејмани и изборната програма за промена и развој во Желино.

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети пред граѓаните го поддржа кандидатот Фатмир Изаири, а на тоа претходела неговата веќе докажана работа во времето кога тој беше на чело на оваа општина.

– Со ова советничка листа на чело со Шевал, има момчиња и девојчиња кои ќе бидат од голема помош за Фатмир во донесувањето важни одлуки и проекти за општината. По Охридскиот договор, најважната и најприоритетна агенда е зелената агенда бидејќи ова е живот, затоа што ја обезбедува иднината, обезбедува просперитет, рече Ахмети.

Артан Груби од ДУИ нагласи дека дојде време за промени во Желино, нагласувајќи ја максималната поддршка за Фатмир Изаири и тимот советници за да ги реализираат проектите за квалитетен живот во нивната програма.

– Вашиот глас не е само за избор на Фатмир Изаири на чело на Желино , туку и за достоинството на општината, тоа е и за имиџот на општината, како општината се перцепира од сите други општини, од владата и меѓународна заедница. Сите ние стоиме за она што го кажа Фатмир Изаири, почнувајќи од Фатмир Бесими, Бујар Османи, Крешник Бектеши, Јетон Шаќири, Насер Нуредини, јас, пет заменици министри, пет државни секретари, директори, заменици директори, сите сме во поддршка на Фатмир Изаири. ” – изјави Груби.

Кандидатот за градоначалник на Желино, Фатмир Изаири ги презентираше објективите на неговата програма за развој и квалитетен живот во Желино.

– Демократската Унија за Интеграција одлучи да ја спроведе зелената агенда, агенда која е во целосна согласност со сите развиени земји. Таа не е само реченица, туку содржи мноштво добро проучени и добро смислени акции за тоа како да се постигне. Клучниот збор на мојата програма е вода за пиење за секоја куќа, отстранување на фекалните води, асфалтирани патишта, училишта, шеталишта, спортски сали, зеленило итн. Програма до која секој ќе има пристап,  кажа Изаири.

Носителот на листата за советници, Шевал Сулејмани, ги покани жителите на Желино на 17 Октомври да гласаат за ДУИ, нејзиниот кандидат Фатмир Изаири и тимот советници кои ќе бидат гласот на граѓаните и решение за нивниот проблем.

– На овие локални избори, нашата понуда е јасна, конкретна и богата како никогаш досега, бидејќи е подготвена врз основа на зелената агенда, чиј гарант е Демократската Унија за Интеграција, која агенда во суштина содржи ефективна работа, еднаквост, правда, економски развој и социјална благосостојба. Единствено што треба да направите е да одвоите 15 минути време, од местото на живеење до избирачкото место, но ќе добиете 4 години живот, 4 години достоинство, 4 години развој, 4 години социјална заштита, рече Сулејмани.

Демократската Унија за Интеграција утре ќе ја продолжи предизборната кампања со собирот во Дебар за да го претстави својот кандидат за градоначалник во Дебар и листата на кандидати за советници.

ДУИ избори кампања
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
ФОКУС

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

ВЕСТИ November 16, 2025

Утре во Брисел ќе се одржи 7-та меѓувладина конференција, за пристапување на Албанија во Европската…

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.