Претседателството на Демократската унија за интеграција (ДУИ) вечерва одлучило да ги повлече сите сегашни претставници на партијата во извршната власт на Република Македонија,  потврди за НОВА портпаролот на ДУИ – Артан Груби.

Одлуката е донесена вечерва во седиштитето на партијата во Тетово, а претседателството на ДУИисто така ги потврдило ставовите оти лидерот Али Ахмети има  потполно овластување во донесувањето на одлуки за понатамошните чекори за партијата.

Засега не се познати причините за ваквата одлука, а од ДУИ велат дека партијата ќе ја преиспита својата политика во текот на наредните денови.