Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Дукоски: Исказот на Јовановски за „Меѓународен сојуз“ се факти, а не рекла-кажала

0
By Нова ТВ on December 23, 2019 ПОЛИТИКА
Фото: 24.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Заврши фазата за давање искази во случајот за невладината организација „Меѓународен сојуз“. Последен го стори тоа Бојан Јовановски-Боки 13, првообвинет во предметот „Рекет“, кој доби решение за завршена истрага по денешниот неколкучасовно изјаснување во Обвинителството за организиран криминал и корупција кое, пак, е на потег да реши дали и на чие име ќе покрене обвинителен акт.

Адвокатот Сашо Дукоски рече дека исказот на неговиот клиент бил темелен и со факти.

„Се работи за детална и ноторна изјава за сите основи на сомневање што се однесуваат во врска со овој кривично-правен настан. Кога тоа ќе се стави на вага со неговата здравствена состојба, добивате еден исказ што траеше навистина долго, два дена или цели 15 часа. За секое зборче што стои во наредбата за истрага, се произнесе со еден куп факти, а не рекла-кажала. Сметам дека се е кажано во врска со основите на сомневање и многу нешта ќе се расчистат по овој исказ“, рече Дукоски.

Исказ пред Боки 13, во текот на минатата недела, даде и осомничената Јасна Мандиќ, потпретседателка на „Меѓународниот сојуз“, која во таа прилика рече дека „била доведена во заблуда од Јовановски“. Дукоски одби да даде коментар, велејќи дека не сака да коментира искази на туѓи лица.

 

Одбраната, според Законот за кривична постапка, има право да поднесе други докази или исправи или да побара дополнителни докази од обвинителот во рок од 15 дена по примање на известувањето за завршена истрага од Обвинителството. Доколку дојде до тоа, обвинителот е должен да го испорача наведеното во барањето во рок од еден месец. Кога, пак, ќе изминат тие рокови, Обвинителството има можност во рок од 15 дена да подигне обвинителен акт или да ја запре постапката.

Првообвинетениот Бојан Јовановски се товари за две дела – за измама и за перење пари додека под сомнение за помагање во двете дела е потпретседателката на „Меѓународен сојуз“, Јасна Мандиќ. Со проширената истрага за случајот беа опфатени и таткото на Боки 13, Миле Јовановски, неговата асистентка, Христина Блажевска и пратеничката Фросина Ременски, почесен претседател на невладината организација, за помагање во делото измама.

Според Обвинителството, врз основа на предистражната постапка, се дошло до сознанија што укажуваат дека во периодот од јули во 2017 година до април во 2018 година, првоосомничениот Бојан Јовановски-Боки 13, како претседател на осомниченото правно лице, искористувајќи документи од правното лице, довел и одржувал во заблуда управители на две друштва за градежништво.

Притоа ги убедувал дека ќе обезбеди државно земјиште за изградба на домови за стари лица и мобилен сервис за што подоцна ќе обезбедел и субвенции. На тој начин од едната фирма, преку авторска агенција, добил 720.000 евра, а од другата 230.000 евра.

„Меѓународен сојуз“ Бојан Јовановски исказ постапка
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.