Published: Sunday, June 21, 2015 13:04
Полицијата во Мумбаи, Индија, соопшти дека починале уште осум лица од отровната домашна ракија со што бројот на мртвите сега е 94, додека уште 45 лица се во болница. Жртвите кои потекнуваат од сиромашниот дел на градот пиеле домашно произведена ракија, односно илегален нелиценциран алкохол.
Смрт која насталана како последица на конзумирањето илегални пијалоци е честа пракса во Индија бидејќи сиромашните не можат да си дозволат да купат лиценциран алкохол. Во 2011 од масовно труење од ракија во Индија починаа 170 луѓе.




