Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Два хеликоптера ќе го гасат пожарот во Општина Сарај

0
By Biljana on August 16, 2021 ПОЛИТИКА
epa01078480 A Macedonian Army helicopter extinguishes a forest fire near the village of Kopance 25 km. from Skopje on 27 July , 2007.Croatia, Turkey, Slovenia and Germany have sent firefighting aircrafts to Macedonia, to help the country solving the situation with the wild-fires. EPA/DARKO ANDONOVSKI
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, August 16, 2021 17:48

Во попладневните часови на овој пожар ќе се интервенира и од воздух со 26 луѓе.

Еден македонски и еден црногорски хеликоптер попладнево ќе го гасат пожарот во Општина Сарај кај селата Раовиќ и Буковиќ иако веќе е локализиран во делот на селото Раовиќ.

„Дел од пожарот во село Раовиќ во Општина Сарај е локализиран, но на потегот село Буковиќ, село Чајлане кон Матка се уште е активен. Во попладневните часови на овој пожар ќе се интервенира и од воздух со 26 луѓе од Воздухопловниот винг со еден македонски армиски хеликоптер и еден хеликоптер на Република Црна Гора“, информира Надица В’чкова од Центарот за управување со кризи (ЦУК) на попладневната прес-конференција во ЦУК.

Таа нагласи дека пожарот во атарот на селата Ракле, Никодин и Топлица во Општина Прилеп е активен но е со слаб интензитет.

„Пожарот е на непристапен терен и станува збор за приземен пожар каде гори лисната постилка и сува трева. Во високиот дел има чадење, но во овој момент не постои опасност за проширување. Во моментов на овој пожар интервенираат екипи од прилепската локална самоуправа, Дирекцијата за заштита и спасување и екипи на МВР од Прилеп и Битола“, прецизира В’чкова.

Реактивиран е, додаде, и пожарот над село Безгаштево помеѓу Берово и Струмица накај село Нивичани на браната Турија. Утре рано изутрина, како што кажа, ќе се преземат активности за негово локализирање, бидејќи се работи за тешкопристапен терен на кој е потребно повеќе од три часа да се стигне до локацијата.

„Пожарот во атарот на демиркапиското село Барово е веќе ставен под контрола иако во внатрешноста на опожареното подрачје се уште постојат поедини места каде што се забележува чадење“, рече В’чкова.

Нагласи дека човечкиот фактор е најчеста причина за избувнувањето на пожарите на отворен простор низ земјава, било да станува збор за намерно или ненамерно потпалување.

„За превенција и откривање на сторителите и спречување на подметнување на пожари на отворен простор МВР засилено настапува на терен и има ангажирано преку 600 полициски службеници. Досега во гасењето на пожарите учествуваа полициски службеници од специјалните единици, а беше ангажиран и хеликоптер на МВР“, потенцира В’чкова.

активни пожари ЦУК
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Прва оставка во бугарската влада

May 12, 2026

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026
shortcut
ФОКУС
May 14, 2026

Филипче: Мицкоски ќе го поништуваше Преспанскиот договор па рече дека е ремек-дело на дипломатијата

ВЕСТИ May 14, 2026

 Прес конференција на Претседателот на СДСМ Венко Филипче:

Трамп и Ши три пати беа прашани за Тајван – тие прашањето го игнорираа

May 14, 2026

Иран постави пет услови за нови разговори со САД

May 13, 2026

ЕУ сепак ќе разговара со Путин – се бара посредник засега меѓу Меркел и Макрон

May 11, 2026
ТИКЕР

Прва оставка во бугарската влада

May 12, 2026

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.