Во Македонија се водат уште две истраги за злоупотреба на средства од европските фондови. Станува збор за пари од ИПАРД-програмата, a наводно фабрики и земјоделски комбинати набавувале опрема која не е согласно европските стандарди.
Штетата која е нанесена преку измамите се проценува на 200.000 евра..Случаите се во предистражна постапка, која се води во Финансиската полиција во соработка со Интерпол.
Од обвинителството велат дека се уште немаат отворено предмет за овие случаи.
Лошото планирање и искористување на средствата од европските фондови беа причина Европската комисија неодамна да сопре 27,1 милиони евра од ИПА-програмата.